Започна реконструкцијата на Ургентниот центар во Детската клиника
Објавено во: Мои пари 06 Септември, 2013
Започнаа реконструкцијата на Ургентниот центар при Универзитетската клиника за детски болести. За него, како што денеска информираше првата дама, Маја Иванова преку националната кампања „Ајде да помогнеме навреме“ од април досега собрани се 250.000 евра.
Иванова се заблагодари на главниот донатор на средствата, Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) која донираше над 200.000 евра, пари кои освен за градежните работи, ќе се користат и за набавка на нова медицинска опрема.
Граѓаните на Македонија преку телефонскиот број 14321 изминатиот периот можеа да донираат по 100 денари, а на овој начин собрани се околу 10.000 евра.
Со новиот план општата амбуланта ќе работи 24 часа седум дена во неделата, а ке се подобри работата и во останатите одделениа на клиниката, посочија надлежните .
Реконструкцијата според планот ќе трае околу два месеци. Инаку сега детската клиника има само една просторија со несоодветни услови за згрижување на поголем број пациенти без квалитетна итна помош.