16 Мај, 2024
0.0320

Зошто треба да се менуваат летните и зимските пневматици?

Започна сезоната на „лов“ по летни гуми

Објавено во: Мои пари 22 Март, 2017

Добивај вести на Viber

“Кога температурата ќе се зголеми, зимските пневматици стануваат претерано меки, а тоа ги прави лесни за прегревање и деформирање. Погрешно е мислењето дека со користење на зимски гуми во текот на летото ќе заштедите пари.”, вели Горан Цветанов, раководител во познатиот центар за гуми Олимпико.

На 15 март завршува рокот за задолжително носење на зимска опрема во автомобилите или на поседување на соодветени гуми, така што возачите ќе треба да се префрлат на пневматици адаптирани кон потоплите временски услови. Меѓутоа, сезонското менување на гуми не е и не треба да биде само заради задоволување на некаква законска или друга правна рамка. Туку, затоа што гумите за возилата имаат свој животен век, во зависност од тоа дали се употребуваат правилно и во која сезона.

Зошто треба да се менуваат гумите во зависност од сезоната? Експертите тврдат дека за тоа има најмалку две причини: првата, заради безбедноста на патниците и возилото и втората, поради кондицијата и продолжениот рок на употреба на пневматиците во зависност од сезоната.

Што велат експертите?

“Кога температурата ќе се зголеми, зимските пневматици стануваат претерано меки, а тоа ги прави лесни за прегревање и деформирање. Погрешно е мислењето дека со користење на зимски гуми во текот на летото ќе заштедите пари. Напротив, зимските гуми ја зголемуваат потрошувачката на гориво бидејки нивниот дизајн создава поголем отпор при тркалањето, а со тоа и зголемување на температурата на гумата, со што се зголемува и веројатноста за оштетување на самиот пневматик. Исто така, зимските гуми се погласни од летните, особено на мазен и сув асфалт, што пак влијае врз удобноста на патувањето.”, вели машинскиот инженер Горан Цветанов, раководител во познатиот центар за гуми Олимпико.

Во суштина, ако возите зимска гума во лето, не само што постои голема веројатност дека ќе ја уништите и дека ќе мора да купите нова за во зима, туку и дека ќе платите и многу повеќе за гориво отколку кога возите соодветен пневматик во соодветна сезона. Значи, не само што не се заштедува, туку се прави и дополнителен, непотребен трошок врз вашиот буџет. Конечно, и безбедноста при возењето во најголем дел зависи од изборот и од правилната употреба на гумите во зависност од сезоната, затоа што гумите се единствениот контакт помеѓу вас, односно вашето возило и патот.

Експертите од Олимпико велат дека хит за летната сезона сегумите од брендот BFGoodrich, кои што се произведуваат во фабриките на светскиот познатиот Michelin. Овие пневматици се со висок квалитет, а сепак, со пониски цени во однос на Мишелин гумите. Салоните за пневматици нудат најразни брендови на гуми со различен квалитет и цена и се обидуваат на разновидни начини да ги придобијат клиентите. Во салонот на Олимпико тоа традиционално го прават со акциски продажби, како и со подароци за своите клиенти. За оваа сезона, тоа е подарок компресор за пумпање гуми за купени комплет (четири) пневматици.

Олимпико, инаку, е една од првите компании во Скопје која што веќе 26 години се занимава со продажба и монтажа на пневматици од светските познатите брендови Michelin, BFGoodrich, Kleber и Тigar.

Можеби ќе ве интересира

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

dm Beauty o’clock: Незаборавен beauty настан кој ги постави стандардите за убавина на едно ново, многу високо ниво!

dm Beauty o’clock: Незаборавен beauty настан кој ги постави стандардите за убавина на едно ново, многу високо ниво!

Што да очекувате од пазарот на недвижности во иднина?

Што да очекувате од пазарот на недвижности во иднина?

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст