18 Декември, 2025
0.1453

Започна судењето на Мирослав Мишковиќ, бизнисменот не одговори дали е виновен

Објавено во: Балкан 14 Ноември, 2013 19:47

Добивај вести на Viber

Во присуство на десетици новинари, камермани, но и странски набљудувачи  денеска започна судењето на српскиот бизнисменот Мирослав Мишковиќ. Покрај него, во специјалниот суд во Белград беа изведени и неговиот син Марко, сопственикот на „Нибенс трупа“, Мило Ѓурашковиќ како и повеќе соработници кои се сомничат за злоупотреби и затајување данок. Според обвинението , заедно буџетот на Србија го оштетиле за милиони евра. Неодамна Мирослав Мишковиќ, кој се смета за најбогатиот човек во Србија, кој претходно беше и беше приведен, полицијата го распрашуваше и за фирмите на избеганиот нарко бос Дарко Шариќ, а како што објави весникот „Блиц“има сомневања дека Мишковиќ испрал 100 милиони евра на нарко босот Откако беше прочитан обвинителниот акт, Мишковиќ во судот рекол дека не го разбира и не може да се произнесе по него. Поради долготрајното читање на обвинителниот акт, адвокатот на бизнисменот побара одбраната да се одложи за утре и ќе трае 3,5 часа. Сопственикот на „Делта холдинг”, Мирослав Мишковиќ, по 244 дена во притвор во мај беше пуштен од затвор со кауција од дури 12 милиони евра и му беше одзеден пасошот. Во затвор остана само сопственикот на „Nibens“, Мило Ѓурашковиќ. Претходно на синот на Мишковиќ Марко му беше изречен домашен притвор од април, додека другите обвинети беа пуштени со кауција. По шест месеци од истрагата, обвинителството поднесе обвинение во мај против тројцата осомничени, а осуммина други се осомничени нелегално извлекување и присвојување на средства и имот од повеќе јавни компании за патишта во периодот од 2005 година до 2010 година.

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии