07 Октомври, 2024
0.1983

Започна судењето за несреќата кај Ласкарци, присутни и газдата и возачот на „Дурмо турс“

Објавено во: Македонија 05 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Денеска започна судењето за автобуската несреќа на патот Тетово - Скопје во февруари кај Ласкарци, во која при превртување на автобус на „Дурмо турс“, загинаа 16 патници, а за газдата Дурмиш Белули и возачот Маноил Трифуновски беше одреден притвор.

Во судницата ви Кривичниот суд во Скопје присутни беа и останатите обвинети, Рамзи Мифтари, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боваровски. Обвинител за овој случај е Дарко Јакимовски, а судии Диана Груевска Илиевска и Александра Ристеска и тројца судии поротници.

„Дејствијата на овие обвинети се во директна врска со настапената последица која резултираше со смрт на 16 лица патници во автобусот, а 38 лица се здобија со телесни и тешки телесни последици. Не постои криминален ребус кој не може да се одгатне. Овој настан е кумулација на голем број пропусти кои не настанле спонатно“, рече обвинителот Јакимовски.

Обвинителниот акт од страна на Јавното обвинителство пред еден месец беше целосно прифатен од страна на Кривичниот суд против шестемина обвинети кои се однесувале неодговорно пред да се случи трагедијата на патот Тетово - Скопје во која во февруари годинава загинаа 16-мина патници, а 37 беа тешко повредени.

Основното јавно обвинителство на 1 јули поднесе шест обвиненија поврзани со обвинети од „Дурмо турс“. Уште од 2 јули минатата година сопственикот на претпријатието и шефот, кој патем не поседувал сертификат за професионална компетентност во патниот сообраќај, не го почитувале безбедносниот протокол пред да се преврти автобусот на 13 февруари 2019 и се обвинети за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот 

Можеби ќе ве интересира

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

НОВАТА ВЛАДА ПОВЕЌЕ МУ СЕ ДОПАЃА НА КУРТИ: Еве што кажа косовскиот премиер

НОВАТА ВЛАДА ПОВЕЌЕ МУ СЕ ДОПАЃА НА КУРТИ: Еве што кажа косовскиот премиер

ПРЕТСТОИ „ЖЕШКА НЕДЕЛА“: Мини лето од денес во земјава

ПРЕТСТОИ „ЖЕШКА НЕДЕЛА“: Мини лето од денес во земјава

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме