19 Јануари, 2025
0.0229

Започна „Вселенската авантура“ на Битолска млекарница и Рамстор

Објавено во: Мои пари 11 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Под мотото „витамини прави за астронаути здрави“ започнува голем интерактивен настан во Рамстор мол Денес стартува големата Вселенска Авантура на Битолска Млекарница и ТЦ Рамстор, наменета за сите деца на возраст од 6 до 12 години кои на настанот ќе имаат прилика да се забавуваат, истовремено учејќи за вселената и откривајќи ги тајните на космосот. Настанот кој за прв пат се организира во нашата земја е поделен на три дела. Во првиот дел децата ќе имаат можност да учат за првиот човек кој стапнал на Месечината и да видат реплика од неговиот вселенски костим. Во вториот дел од настанот децата ќе носат роботски очила запознавајќи се со глетката на еден робот и ќе разговараат со нивниот водич за вселената. Третиот дел од настанот ќе им овозможи на децата да носат вселенски шлем и да се забавуваат во лунарниот дел од поставката. За време на настанот сите деца ќе можат да се вклучат во наградната игра за најдобра астронаутска ракета изработена од пакување од Битолско млеко со десет витамини од Битолска Млекарница. За најдобрите изработки обезбедени се вредни награди: Xbox kinect, iPad mini и телескоп. Со доделувањето на наградите на 31-ви октомври во 12 часот ќе се означи и крајот на Вселенската Авантура. „Нашата цел е на интересен начин да ги приближиме здравите навики за редовно конзумирање на витаминско млеко кај најмладите а воедно да ги едуцираме  на еден невообичаен, интерактивен и пред се забавен начин. За време на Вселенската Авантура, децата ќе имаат прилика да се забавуваат, да учат за достигнувањата на човекот во откривањето на тајните на космосот, да се натпреваруваат и освојуваат вредни награди. Битолското млеко со десет витамини е првото трајно млеко во Македонија препорачано од здружението на педијатри, производ кој е дизајниран да одговори на потребите на децата за правилен раст и развој. Оттука со радост се вклучуваме во сите настани во чиј фокус е доброто на децата,“  истакна Полексена Ристеска, координатор за маркетинг во Битолска Млекарница.  „Овој настан е уште еден начин да обезбедиме повеќе и поинтересни содржини на посетителите и потрошувачите на Рамстор Мол. Целта на настанот е да овозможиме добра забава за најмладите воедно едуцирајќи ги за темата која одсекогаш ја предизвикува детската љубопитност и ја развива детската креативност и имагинација – запознавањето на космосот,“ додаде Џеладин Џули, директор за развој и инвестиции во ТЦ Рамстор. Млекара АД Битола е најголемата млекарница во Р. Македонија со капацитет на преработка на млеко од над 65 милиони литри годишно која посветува врвно внимание на квалитетот и поседува врвен стандард за управување со квалитетот и контрола на безбедноста на храната - ISO 22000 (интегриран стандард од HACCP и ISO 9001) и стандард за заштита на животната околина ISO 14000. Млекара АД Битола е единствена млекарница во Р. Македонија која поседува извозен број за извоз во земјите на Европската Унија, што е врвен доказ за квалитетот на нашите производи. Од 2007 година Млекара АД Битола е дел од најголемата групација на млечната индустрија на Балканот - Danube Foods Group. Трговскиот центар Рамстор веќе осма година е присутен на македонскиот пазар и препознатлив по големата понуда на реномирани светски брендови. До крајот на 2013 година синџирот на супермаркети Рамстор ќе брои вкупно 14 продажни локации низ целата земја, со што брендот станува најбрзорастечки ланец на супермаркети во земјата.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ