15 Декември, 2025
0.0321

„ЗАПОЧНУВА ТАМУ КАДЕ ШТО ЗАСТАНА ТОЈ ШТО ГО ПОСТАВИ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ПАРТИЈАТА“: Макрадули за Мицкоски

Објавено во: Македонија 28 Септември, 2025 19:17

Добивај вести на Viber

Поранешниот заменик министер за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули преку социјалните мрежи го коментираше денешното појавување на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на осветувањето на црквата „Свети Константин и Елена“. Според него, се работи за најчудните локални избори кога станува збор за агитирањето.

„Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, започнува таму каде што застана човекот што го постави за претседател, кој тогаш, не претпоставуваше дека поставува човек, кој ќе предводи со дефинитивно најнеефикасната влада во плурална Македонија. И секако нема да биде задоволен, без разлика колку проекти од “Скопје 2014” ќе продолжи, за кои да бидам искрен, истите проаѓаат зошто има многу затворени очи“, вели Макрадули.

Тој смета дека кампањата ја започнал со јасен политички шамар.

„Ја започнува кампањата со јасен политички шамар, што значи наметнување на решение од надвор (како во една скопска општина), со кандидати кои се дел од потерници на МВР за бизнис со шумски дрва, а пред сѐ со кандидати, кои во својата програма ги имаат истите ветувања како пред 4 години. Затоа не изненадува што вчера се качи на бината, ги погледна кандидатите и во говорот кажа, цитирам:
“Но, кампањата не смее да биде театар на празни ветувања, таа треба да биде мост помеѓу вистината и надежта, да ја покаже искрената намера, а не да замаглува со илузии”.
Се плашам дека ќе доминираат теми кои немаат врска со тоа како да се подобрат секојдневните локални проблеми на граѓаните. Додека пак, граѓаните од една страна, тонат во смет, заобиколени од згради, а зеленилото, и тоа што е предвидено по закон, го нема“, смета Макрадули.

Обвинува дека сиромаштијата расте, цените растат на дневна основа. 

„Изолираноста расте со бројот на магистерски на владините функционери. Дополнително, во едно поприлично небезбедно секојдневие, граѓаните ќе треба да направат вистински избор, наспроти лажната пропаганда. Според мене, овие политики на власта, треба да бидат поразени, а не релативизирани…“, додава тој.


Можеби ќе ве интересира

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро