ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ БОТОВИТЕ: Земаат плата за да го фалат најбогатиот човек на светот
Објавено во: Свет 28 Август, 2018
Џеф Безос, сопственик на Амазон и најбогат човек на светот има луѓе кои поминуваат часови и часови на социјалните мрежи за да го фалат.
Од компанијата велат дека зад профилите се кријат работници, но медиумите пишуваат дека зад нив стојат луѓе кои две години работеле во складишта, а сега имаат за задача да ги најдат негативните коментари и да ги побијат. Ова го прават осум часа во денот.
Од Амазон велат дека тоа се луѓе кои веќе биле дел од компанијата и можат да го споделат своето искуство.
Се смета дека има 14 вакви луѓе кои освен за плати, пишуваат и за температурата во складот, за паузите за одење во тоалет.