Запрепастувачко намалување на новородени, дури 90 доенчиња починале
Објавено во: Македонија 25 Ноември, 2016 20:45
Податоците на Државниот завод за статистика за природниот прираст и наталитетот на населението за третиот квартал од годинава се запрепастувачки, а тој негативен тренд трае подолг период. Намален е бројот на новороденчиња, има масовно иселување на граѓаните, додека пак загрижува и податокот за дури 90 починати доенчиња.
„Ваквите појави кои се присутни во државата ,секако имаат големо влијание не само врз демографските и економските карактеристики за земјата. Тоа произлегува од фактот дека работоспособното население или на пазарот на трудот се појавува помал број на младо население кои би го замениле постарото кое ќе замине во пензија, или население кое заминува надвор или млади кои се невработени. На привиден начин се намалува невработеноста.“ - вели Дончо Герасимовски, поранешен директор на Државниот завод за статистика за 24 Вести.
Најголема стапка на природен прираст има во Скопје, Тетово, Чаир и Сарај, додека највисока стапка на негативен тренд или повеќе починати од живородени има во Битола, Свети Николе и Берово. Негативен прираст е забележан во вкупно 30 општини.
Од 4716 починати, 49 се мртвородени. Статистиката бележи зголемување на умрените доенчиња на вкупно 90 во третото тримесечје, што е највисоко ниво како апсолутна бројка до сега. Она што е индикативно за социолозите е што бројот на живородени бележи намалување во споредба со годината кога е воведен додатокот за трето дете. Експертите сметаат дека ова укажува на неефикасност на владините политики.
„Родителскиот надоместок за трето дете веројатно е воведен во функцијата на зголемување на наталитетот во државата. Но, кога ќе ги погледнете демографските податоци, наталиетот не се зголемува“ - вели Маја Героска Митев, универзитетски професор.
Според економистите, за намалувањето на населението и негативните последици врз економијата говори и податокот од Народна банка на Република Македонија која во второто тримесечје регистрираше намалена активност на населението и намалена понуда на работна сила за 0,8 отсто.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




