06 Декември, 2025
0.0375

Засега без добар наслов

Објавено во: Колумни 23 Декември, 2014 08:18

Добивај вести на Viber

Пред многу години во јавноста кружеше следниот виц: „Се тркале претседателот на земјата А и земјата Б. Победил претседателот на земјата А. Медиумите во земјата А ја пренеле следната информација: Нашиот претседател стаса прв на целта, а претседателот на земјата Б стаса последен. Медиумите во земјата Б го објавиле следното: Нашиот претседател стаса втор на целта, а претседателот на земјата А – претпоследен“. И во двете земји, медиумите ја објавиле вистината. И во двете земји медиумите се држеле до фактите. Кому ќе верувате ако не сте ја гледале трката? Нешто слично се случува и во нашиот „црно – бел“ свет. Работите или се црни или се бели, во зависност од сопствените преференции и навивачки страсти. Средина не постои. Многу често не постои ни потрага по вистината која може да биде само една и која не смее да познава различни верзии во зависност од изворот што ја соопштува таа вистина. За жал, аксиомата дека пред „фактите и боговите молчат“ одамна не важи на овие простори. Интерпретацијата на фактите стана многу поважна од самите факти, а онаму каде што не постојат факти и аргументи, излез се бара во иронијата, сарказмот, замената на тези итн. Просто е неверојатно како на секој аргумент се наоѓа контра аргумент и така во недоглед, а суштината на работите многу често се става во втор план. Во таква ситуација не можам, а да не се сетам на една мудра мисла која гласи: „Замислете ја тишината што би се појавила, кога сите би го зборувале само она што го знаат“. Авторот на овие редови ќе си дозволи себеси да ја почитува оваа мисла. Нема да ги коментира настаните за кои нема доволно информации или аргументи, а оние настани за кои има аргументи ќе ги коментира тогаш кога ќе дојде време за тоа. П.С. Не е мал бројот на моите познаници кои ме прашуваат дали и кога ќе излезам со став за финансиската зона во нашата земја. Сите го добиваат истиот одговор. Станува збор за добра идеја, а нејзината реализација ќе зависи од многу фактори кои треба да бидат исполнети. За идејата, за факторите што треба да бидат земени во предвид и за другите прашања поврзани со финансиската зона – во следна прилика. Сега на раат да ги прославиме Новогодишните и Божиќните празници. Д-р Гоце Трајковски

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Зеленски „под контрола“!

Зеленски „под контрола“!

Топ 10 лекови во светски рамки – и каде е Македонија во овој поглед?

Топ 10 лекови во светски рамки – и каде е Македонија во овој поглед?