16 Јануари, 2025
0.0301

Заштита на правните лица и подобра бизнис клима со измените на Кривичниот законик

Објавено во: Економија 29 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Поквалитетна заштита на интересите на правните лица, на друштвата и претпријатијата, унапредување на правата на лицата во нив и на акционерите, а со цел поттикнување на акционерскиот активизам предвидуваат измените и дополнувањата на Кривичниот законик кои беа усвоени на последната седница на Владата на Република Македонија.

- Владата е стратешки насочена кон спроведување на континуирани реформи, мерки и активности чија цел е подобрување и унапредување на бизнис климата и деловното опкружување во нашата земја, изјави на денешната прес-конференција владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, посочувајќи дека станува збор за вградување ново предвидено кривично дело со наслов „злоупотреба при склучување договор меѓу заинтересирани страни“ во Кривичниот законик.

Во членот кој се предлага, во ставот 1, се предвидува дека одговорно лице во правно лице, кое свесно ќе склучи договор како заинтересирана страна спротивно на законските прописи за склучување таков договор, и со тоа ќе предизвика значителна имотна штета за правното лице или за трети лица, или значителна имотна корист за правното лице или за трети лица ќе се казни со парична казна и затвор од шест месеци до три години.

Доколку пак со делото од овој став 1, сторителот прибавил за себе или за друг поголема имотна корист или за правното лице предизвикал имотна штета од големи размери, ќе се казни со парична казна и казна затвор од една до пет години.

За делото од ставот 1, како што додаде, правното лице кое остварило имотна корист ќе се казни со парична казна.

На овој начин се остварува двострана заштита. Се санкционира делување на одговорното лице на штета на имотот и интересите правното лице, со што би се направила и нанела штета на истите во претпоставена ситуација, но и се санкционира однесување кое значи придобивка за едно правно лице ако со противзаконско однесување на одговорно лице во тоа правно лице се наштетува на имотот и интересите на друго правно лице, рече Ѓорѓиев и додаде дека со вака предвидена норма се обезбедува посигурен и попредвидлив поредок и деловно опкружување.

Овој член дава кривично-правна заштита, но и предвидува кривично-правна санкција и за непочитување на одредбите од Законот за трговски друштва и Законот за хартии од вредност кои пропишуваат дека  органите на друштвото пред да донесат одлука за одобрување на зделка со заинтересирана страна, и тоа во случај кога трансакциите односно зделката надминуваат 10 отсто од активата на акционерските друштва, мора да прибават мислење од овластен ревизор и тоа од регистарот на овластени ревизори кој го води Комисијата за хартии од вредност.

- Доколку органите на друштвото не ги испочитуваат овие одредби ќе бидат третирани согласно ново предвидениот член од Кривичниот законик по неговото усвојување, рече Ѓорѓиев.

Новиот член од Кривичниот законик ќе важи и за третирање и санкционирање на сите делувања и однесувања на одговорните лица во правното лице, со кои што делувања и однесувања спротивно од законот ќе се наштети на интересите на правното лице, друштвото, и трети страни, но и на други правни лица и друштва и страни кои доаѓаат во корелација, за што ќе одлучува судот во соодветна процедура, ценејќи ги фактите, доказите и аргументите во конкретна ситуација.

- Со измените и дополнувањата треба да се придонесе кон подобра заштита на интересите и имотот на правните лица, да се подобри стопанската дејност, да се обезбеди поголема правичност, и мотивација за активирање во бизнис секторот, нагласи владиниот портпарол.

Овој чекор се очекува да биде препознаен од меѓународните институции и организации како чекор за подобрување на бизнис климата и ќе резултира со позитивно вреднување на Република Македонија пред меѓународните институции и организации.

Предлог законот за измена и дополнување на Кривичниот законик е веќе испратен на усвојување во Собранието на Република Македонија.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО БРИКС: Земја сојузник на Путин

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО БРИКС: Земја сојузник на Путин

„ДИЗЕЛАШИТЕ“ ИТНО НА БЕНЗИНСКА, ОД УТРЕ ЌЕ ПЛАЌААТ ПОВЕЌЕ ЗА ДВА ДЕНАРИ - нови цени на горивата од Регулаторна

„ДИЗЕЛАШИТЕ“ ИТНО НА БЕНЗИНСКА, ОД УТРЕ ЌЕ ПЛАЌААТ ПОВЕЌЕ ЗА ДВА ДЕНАРИ - нови цени на горивата од Регулаторна

ЛИДЛ Е „НАЈДОБАР ВРАБОТУВАЧ“: „Вработените се во центарот на нашиот бизнис“ во Србија

ЛИДЛ Е „НАЈДОБАР ВРАБОТУВАЧ“: „Вработените се во центарот на нашиот бизнис“ во Србија

ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ВО РЕЦЕСИЈА - економските перформанси на земјата опаѓаат втора година по ред

ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ВО РЕЦЕСИЈА - економските перформанси на земјата опаѓаат втора година по ред

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ПОТРЕБНИ СЕ ИСКУСТВО ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСОТ, ЕДУКАЦИЈА И ИНВЕСТИЦИЈА“

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ПОТРЕБНИ СЕ ИСКУСТВО ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСОТ, ЕДУКАЦИЈА И ИНВЕСТИЦИЈА“

ЌЕ СЕ БИЕ ТЕШКА БИТКА ЗА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - ова се имињата предложени од М.Г. Фешн и „Промедика“, а свои луѓе бара и „Скопски пазар“

ЌЕ СЕ БИЕ ТЕШКА БИТКА ЗА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - ова се имињата предложени од М.Г. Фешн и „Промедика“, а свои луѓе бара и „Скопски пазар“

„ГОРДОСТА“ НА ГЕРМАНИЈА НА ПРОДАЖБА: Кинезите сакаат да ги купат фабриките на Фолксваген кои компанијата ги затвора

„ГОРДОСТА“ НА ГЕРМАНИЈА НА ПРОДАЖБА: Кинезите сакаат да ги купат фабриките на Фолксваген кои компанијата ги затвора

Скопска топилница по 13 години повторно почнува со работа? Ќар ќе имаат само локални и регионални бизнис играчи

Скопска топилница по 13 години повторно почнува со работа? Ќар ќе имаат само локални и регионални бизнис играчи

АРХИТЕКТОНСКО ЧУДО КОЕ ГО ИМПРЕСИОНИРА СВЕТОТ ВЕЌЕ 24 ГОДИНИ: Мост кој се претвора во подводен тунел и излегува во друга земја

АРХИТЕКТОНСКО ЧУДО КОЕ ГО ИМПРЕСИОНИРА СВЕТОТ ВЕЌЕ 24 ГОДИНИ: Мост кој се претвора во подводен тунел и излегува во друга земја