18 Мај, 2024
0.0295

Застрелан полицаец во Велес кој барал разбојници што крадат чанти пред црква

Објавено во: Македонија 02 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

МБР денеска потврди дека застрелан е полицаец со пет куршуми кај црквата „Св.Спас“ на излезот од Велес кој бил таму за да ги открие разбојниците кои насилно краделе чанти од минувачи.

Полицискиот службеник заедно со негова колешка биле во контрола кај црквата по пријава дека жители на населбата Рамина континуирано вршат грабежи на чанти од верниците кои доаѓаат во црквата.

По настанатата мешаница еден од наводно осомничените за грабеж му го одземал пиштолот на полицаецот и со истиот во него испукал 5 куршуми од кои четири во стомакот, а еден во коленото на полицаецот. На излезот од градот сите коли се запираат и се претресуваат во обид да се пронајде разбојникот.

– Полицаец  од СВР-Велес е повреден претпладнево околу 10:15 минути  со огнено оружје, пиштол, во близина на велешката црква „Св. Спас“, потврдија за МИА од СВР-Велес.

Станува збор за 46 годишниот М.Е, кој првично итно е пренесен во Хируршката амбуланта при велешката Општа болница укажана му е прва помош, а потоа поради сериозноста на повредите е препратен на Хирушките Клиники во Скопје.

Доктор Тодор Јаковлевски, портпарол на ЈЗУ Општа болница, тврди дека полицаецот засега е вон животна опасност.


Можеби ќе ве интересира

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада