06 Декември, 2025
0.0272

Завис(т)ност

Објавено во: Стил 21 Ноември, 2018 09:02

Добивај вести на Viber

Како слеп за стап, кога ќе се фатам за нешто не пуштам, па не знам што да е. Така од мала, ако се фатев за играчка, таа е и ќе се превртев додека не ја добијам баш таа, се разбира ако ми дозволеа родителите. Многу беа кул, имаа тактики како да ме откачат без да се почувствувам безвредно или недоволно добра. Си внимаваа на тоа што и кога треба да добијам, а јас знам дека кога добивав Амин, тоа беше или таа играчка или ниту една! Подоцна, или тие чизми, штикли, или не сакам. Уште подоцна, или тој факултет или друг не учам. Уште подоцна, или тој дечко или друг не може, ако мајка не го сака, еве јас ќе го, ама тој е! Исто и за работата, исто и за храната, исто и за облеката исто и за сакањето. Или е тоа, или не може. До скоро препишував на инатот овновски, демек по хороскоп сме сите такви, пошто се потрувме со статиине по списанија ко млади кој од под која звезда паднал и каков му е табиетот. Не дека нема нешто, ама еве знам овци околу мене што се многу далеку од мојов проклет инат, за тоа или ниту едно. И кога ќе ми падне тоа во раце, маста му ја вадам. Играчките ги преигрував, Облеката ја преносувам до ден денешен, ко ќе се фатам за црна ролка, фармерки и чизми, ко за греота сум, ко друго за носење да немам. ..

Целата колумна на Ивана Кнез читајте ја на Женски магазин, тука.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: