20 Мај, 2024
0.0264

Заврши 5-от по ред NASA Kids Space Challenge 2019

Објавено во: Мои пари 24 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Во организација на ЊуМенс Бизнис Акцелератор, минатиот викенд се одржа 5-от по ред натпревар за деца од 8 до 14 години, NASA Kids Space Challenge 2019, како дел од првата Space Tech Convention, во С.Македонија. За време на натпреварот децата работеа на претходно зададени предизвици, односно креираа всленски летала, креираа ровери што истражуваат други планети и изработуваа живеалишта на други планети.


Hady Milani – Suborbital Scientist, Astronaut (Italy), Bianca Cefalo – Aero Space Engeneer at Airbus UK, STEM Ambasador,  и Marko Piskachev - Aero Space Engeneer, Azimut ,Germany, откако ги слушнаа презентациите на сите 15 тима и поразговараа со сите учесници на темата, ги избраа 3-те победнички тима: Миа, Јаков и Бодан (НОВА и ЕФИС) кои го изработија победничкиот ровер,  Мелина , Софија и Ела (НОВА) и нивното креативно решение за тоа како би изгледала идна населба на Марс и Леон, Ведран и Леонид (Коле Неделковски и Ацо Шопов) кои работеа на дизајн на ракета и направија демонстрација на слетување со падобран. Најдобрите 5 модели се изложени на првата Space Tech Expo која се одржуваше во Скопје, хотел  Александар Палас од  21 до 23 октомври. 

На натпреварот земаа учество деца од повеќе основни училишта од Скопје, НОВА, Јахја Кемал, ЕФИС, ИПС, Димо Хаџи Димов, Христијан Тодоровски Карпош, Димитар Миладинов, Григор Прличев, Шопов, Лазо Трповски, Живко Брајковски, Коле Неделковски, Рајко Жинзифов, 11 Октомври, од основното училиште Наим Фрешери од Тетово и Малина Поп Иванова од Кочани.


За време на натпреварот децата користеа најразновидни материјали, а при изработката на моделите имаа помош од менторите Драган, Веле и Драган од Народна Техника.

Целта на овој натпревар беше да се поттикне интересот кај децата за СТЕМ областите, аеронаутиката и дизајн на продукт, љубопитноста за проучување и истражување на вселената, како и нивниот интерес за решавање на предизвиците со кои се соочува човекот при планирање на вселенските мисии.

Натпреварот се одржуваше во просториите на меѓународното училиште НОВА во Скопје.


Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО