„Заврши времето на демагогија“: Меџити од трибината на „Вреди“ порача „да ја направиме нашата земја подготвена за интегрирање во ЕУ“
Објавено во: Македонија 21 Јуни, 2024
Лидерите од Коалицијата „Вреди“ денеска на трибина ја претставија Платформата на патриотизмот како знаење, професионализам и одговорност според која ќе се водат нивните министри, заменици министри и раководители на институции во наредниот четиригодишен период како дел од новата влада.
- Заврши времето на демагогија, денеска се бараат образовани, искусни и храбри луѓе да бидат носители на сложени реформски птроцеси за да ја направиме нашата земја нормална, економски развиена и подготвена за интегрирање во ЕУ. Ќе се фокусираме на работата, почитување на институциите, олдговорност за преземената задача, исполнување на обврските навмремено и успешно. Тоа може да го направи само новата генерација која е ослободена од товарот на старото, од хипотеките на минатото, од фолклорот полн со зборови и малку труд. Ова сме ние генерација на политичари кои еднаквоста ја имаат во генетскиот код, а не во политичките говори, кои ќе постигнат еднаквост со дела, а не со зборови - рече лидерот на Демократското движење Изет Меџити, кој во новата влада ќе биде прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање.
Тој подвлече дека „Вреди“ е победник на парламентарните избори и е новиот политички фактор кој ги претставува Албанците со легитимитет, достоинство и одговорност, новата политичка структура која ќе биде носител на успешна институционална транзиција. Во однос на Законот за реформа на органите на државата управа кој беше донесен со двотретинско мнозинство од новиот парламентарен состав, нагласи дека претстои голема реформа и трансформација на министерствата, но дека содржината, односно основните концепти ќе остатнат исти, а правата на Албанците ќе продолжат да се гарантираат и штитат согласно Уставот и Рамковниот договор. При тоа Меџити најави дека балансерот како механизам за обезбедување правична застапеност ќе биде заменет со закон .
- Балансерот првично даде добри резултати, но во последните години има случаи каде многу често Македонци се запишуваат како Албанци, Албанци како Турци, не беше во функција на правичната засртапеност на заедниците што не се мнозинство во државата или на локално ниво. Тоа важеше и за Македонците, така да тука се согласуваме дека како механизам не е доволен и треба да се регулира законски, воедно ќе се внимава и на квалитетот што ќе оди во прилог на сите заедници. Тоа ќе биде дополнителна вредност за администрацијата - изјави за медиумите Меџити.
Претседателот на Беса, Билал Касами во обраќањето особено се осврна на, како што рече, блокадата на развојот на општините кои беа водени од градоначалници кои не беа дел од власта.
- Блокирањето на општините од страна на ДУИ и СДСМ заврши. Благодарение на минатиот режим Северна Македонија е позната како најцентрализирана држава во Европа. Но „Влен“ како дел од новата влада ќе ги спроведе точките од својата програма, меѓу кои и целосна локална децентрализација, што значи повеќе моќ за нашите општини, повеќе развој и повеќе еднаквост за нашите граѓани земејќи моделите на развиените држави како Германија и Белгија. И во програмата на „Влен“ и на владата за која наскоро ќе се гласа во Собранието од државниот буџет само за 2024 година ќе бидат доделени над 100 милиони евра за општините за да имаме побрз општински развој и итно реализирање на најнеопходните проекти за граѓаните - рече Касами.
Арбен Таравари од Алијанса за Албанците ги потенцира четирите слолба на идното владеење на новата владина коалиција - забрзување на европскиот пат на земјата, бескопмпромисна борба против криминалот и корупцијата, за која вели порано многу се зборуваше а малку се работеше, економскиот развој на државата и подигнување на животниот стандард на граѓаните и рамноправен регионален развој и зајакнување на општините како основна единица на демократијата, односно децентрализација.
- Оваа влада е гарант за европскиот пат, се надевам дека што побргу ќе се случат уставните промени. Но за да се случат секогаш треба и македонскиот партнер во владата да има добра волја. Доброто е што веќе имаме 80 гласови, само треба уште една дефинитивна синхронизација меѓу Скопје и Софија, за која што верувам ќе се случи набргу - рече меѓу другото Таравари.
Како министер за здравство меѓу останато, посочи дека ќе се заложи итно да се реши проблемот со компресорите во опрационите сали во Клиничкиот центар „Мајка Терза“, и разрешување на економските директори на клиниките, за кои рече близу 90 отсто се в.д. директори. Штом ја презеде функцијата, Таравари вети дека веќе во понеделеник овие в.д. директори веднаш ќе бидат разрешени, а за останатите кои се со решенија ќе поднесат Предлог измени на законот за веќе да не постојат економски директори.
Потпретседателот на Алтернатива Беким Сали во отсуство на претседателот Африм Гаши истакна дека „Вреди“ како коалиција ја зачува застапеноста на Албанците на една од трите највисоки позиции на власт, избирајќи го Гаши за претседател на Собранието на Република Северна Македонија.
- Дополнително, во ова учество во извршната власт бевме многу внимателни нашето учество да не биде пониско од присуството на Албанците во оваа земја, туку повеќе од тоа, бевме фокусирани на институциите кои се занимаваат со спроведување на нашата политичка програма, со цел сериозно и посветено да работиме во процесот на интеграција на земјата во Европската унија, но и овозможувајќи економски, здравствени, социјални и еколошки политики, со кои веруваме дека значително ќе го подигнеме квалитетот на животот на нашите граѓани. Ова учество во извршната власт ќе резултира и со други нивоа на власт и сигурен сум дека ова како конечен резултат ќе има понапредно општество во сите области од животот, додека за Албанците оваа политичка ротација значи и ротација во нивниот реален живот, затоа што во 2024 година завршуваат годините на хибернација, за да се отвори патот за годините на слобода, демократија, правда, еднаквост и благосостојба - рече Сали.
На трибината се обратија и идните министри од „Вреди“ како дел од владината коалиција.
На новинарско прашање Меџити изјави дека утре на седницата на Парламентот на која ќе се бира владата, очекува демократска, аргументирана и позитивна дебата.
„Вреди“ во новата извршна власт ќе има двајца вицепремиери и пет министри. Покрај Таравари и Меџити кој ќе биде прв вицепремиер и ќе раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање, Фатмир Лимани ќе биде министер за социјална политика, демографија и млади, Бесар Дурмиши - министер за економија и труд, Орхан Муртезани е кандидат за министер за европски прашања, а вицепремиер и министер за добро владеење ќе биде Арбен Фетаи.
Извор и Фото: МИА
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.