Добивај вести на Viber
Во понеделник завршува официјалната регистрација за Глобалниот инвестициски самит за Македонија. Досега пријавените 180 македонски и странски компании од сите сектори ќе разговараат за бизнис можностите, инвестициите, конкурентноста, конкретни проекти, конкретни успешни примери и најважно е што ќе се сретнат да разговараат за меѓусебна соработка. Во агендата на самитот се предвидени пет панелни дискусии на тема Конкурентност на Македонските компании, билатерални состаноци на учесниците и настани за поврзување како гала вечера, коктели и хуманитарен концерт.
На самитот г. Хубертус ван Дер Ваарт, со-соновач на инвестицискиот фонд СЕАФ ќе објави и детали за инвестицискиот фонд СЕАФ Македонија 1. Неговите пласмани ќе бидат наменети за мали и средни претпријатија (МСП) со развојна компонента. Проектираниот инвестициски капитал е 15 милиони долари, а голем влог во фондот има и македонската дијаспора. При конституирање на фондот основната мисија е да се поддржат македонските МСП како најзначаен развоен сегмент во македонската економија.
Компаниите можат да добијат повеќе детали и да го пријават своето учество на веб страницата на самитот
www.mgisummit.org или телефонски да го контактираат организаторот, Македонија 2025 со своите прашања.