20 Декември, 2025
0.1238

Здравје Радово продолжува со кампањата „Здравје во твои раце” – кампања за подршка на велосипедизмот и здравите навики

Објавено во: Мои пари 05 Август, 2015 14:46

Добивај вести на Viber

Во сабота, 08-ми август, во центарот на Охрид ќе се шират здрави навики, ќе се спортува, дружи, подарува, како и конзумира најздравиот пијалок на денешницата, јогуртот. Ова е настан кој ќе ги обедини сите поборници за здрав живот, вљубеници во велосипедизмот, како и зависници од спортот и здравите навики.

Драго ми е што нашата мисија продолжува и оваа сабота во Охрид каде што дечиња од социјално загрозени семејства од градот ќе добијат подарок велосипед. На ваков начин ги шириме здравите навики кај децата, како на пример возењето велосипед, но во исто време го вклучуваме и јогуртот во секојдневната исхрана, пијалок кој важи за еден од најздравите и најдобар за конзумирање во секое годишно време. Оваа акција е со цел да помогнеме, шириме здрави навики како и да допринесеме за среќни и насмеани лица.” – изјави Александар Блажевски, односи со јавност во Здравје Радово.

Zdravje vo tvoi race

На самиот настан ќе се реализира и акцијата Велoдарност, во која ќе бидат донирани велосипеди за најмладите од социјално загрозените семејства во Охрид.

„Целите на Велодарност во голема мера се поистоветуваат со оваа акција на Млекара Здравје, токму затоа со големо задоволство се вклучивме во овој настан како помагачи за остварувањето на донацијата на велосипеди на најмладите членови на социјално загрозените семејства, овој пат од Охрид.”– изјави Јовица Велјановски од здружението Единствена Македонија.

„Здравје во твои раце” ќе биде неколку часовно дружење за сите рекреативци и сите оние кои сакаат да спортуваат и да одржуваат здрави навики како и здрав начин на живот.

Единствена Македонија,НаТочак и ЗдравјеРадовосе главните виновници и поборници за оваа иницијатива која започна за прв пат во Скопје, а оваа сабота, на 8-ми август ќе се случува во центарот на Охрид, а планирано е акцијата да се реазлизира и низ повеќе градови во Македонија. Овој настан ќе им покаже на најмладите дека возењето на велосипед и консумацијата на јогурт се здрави навики кои се многу значајни за нив.

Здравје Радово најави уште неколку вакви активности за ова лето чиј фокус се однесува на здравите навики и среќните лица.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии