25 Ноември, 2024
0.0281

ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ ОГОРЧЕНИ: Вакцинираме против ковид, а ние сè уште не сме вакцинирани

Објавено во: Македонија 11 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Во услови кога кај нас бројот на вакцини може да се изброи на прсти, а истовремено заинтересираноста кај граѓаните за примање на вакцината против корона вирусот се зголемува, расте и револтот кај одредени здравствени работници, кои иако не се директно вклучени во лекување на ковид-пациенти, на секаков друг можен начин се изложени на ризик да се заразат со вирусот. Дел од нив за Фактор откриваат дека се уште се на листата на чекање за примање на вакцината иако се дел од тимовите кои вакцинираат против Ковид-19.

-Со првите вакцини кои стигнаа од Фајзер, односно донацијата од Србија, освен колегите од ковид центрите, се вакцинираа и колегите од Итната медицинска помош и тоа е сосем разбирливо бидејќи секојдневно трансферираат болни до здарсвтвените болнички установи. Ризикот е голем. Но, парадоксално е тоа што ние иако вакцинираме здрави луѓе, секојдневно сме изложени на ризик од заразата, па голема е веројатноста да се соочиме со проблем да нема кој да вакцинира понатаму. А генерално станува збор за бројка од 50-ттина луѓе, велат разочарано за Фактор дел од здравствените разботнци.

Истовремено се пожалија и оние кои прават тестови, без разлика дали ПЦР или брзи тестови, но велат дека во текот на една смена, ретко кој ќе дојде да направи тест заради службено патување или некоја хируршка интервенција. Сите останати се со симптоми на болеста.

-На 10-тина минути тестираме. Има здрави граѓани на кои овие тестови им се потребни заради други причини, но тие се многу ретки и речиси без исклучок нивинте резултати се негативни. Но, останатите, дури 95% кои доаѓаат ги имаат сите симптоми на Ковид-19, и без да ги дочекаме резултатите знаеме дека ќе бидат позитивни. Секако дека сме максимално заштитетни со опремата која е на нас цела смена, но ризикот е голем. Најдобро би било и ние да влезевме во првата група за вакцинирање, па човек да биде колку-толку помирен, велат здравствените работници од пунктовите за тестирање.

А, додека трае борбата за вакцинирање, дел од македонските граѓани кои имаат српско државјанство ја искористија можноста да се вакцинираат во соседна Србрија. Најчесто ги бираат вакциналните пунктови во Бујановац или во Врање и велат дека вакциналниот процес тече без никакви проблеми.

-Минатата сабота бевме со татко ми во Бујановац. И двајцата имаме српско државјанство, освен тоа, татко ми има и српска лична карта, па немавме никакви проблеми да не викнат за вакцинирање против корона вирусот. Но, во тој момент во вакциналниот пункт во Бујановац ја имаа само вакцината на АстраЗенека, па одлучив само јас да ја примам. Татко ми рече дека ќе почека уште некое време да го викнат повторно кога ќе имаат или од кинеските или од руските вакцини. Тој има 70 години, па од информациите кои досега излегоа во јавноста, експертите велат дека АстраЗенека е одлична вакцина, но за луѓето до 65 години, вели Д.Стојановиќ за Фактор.

Го сподели и искуството во однос на реакцијата после примањето на вакцината од британско-шведскиот производител, нагласувајќи дека имала само покачена температура и малаксаност кои траеле неколку часа. Ревакцината е дури за три месеци.

Анита Буховски


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ САМО ТИЕ ШТО ИМААТ ПАРИ: Приватните превозници повторно ќе возат, но не сите

ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ САМО ТИЕ ШТО ИМААТ ПАРИ: Приватните превозници повторно ќе возат, но не сите

„ФИЛИПЧЕ ИЗВРШИ ЛОБОТОМИЈА ВО ЖИВО, СО НЕГО И СДСМ МАКЕДОНИЈА БИ СТАНАЛА КЛИНИКА НАМЕСТО ДРЖАВА“: Латас распали за Конгресот на СДСМ

„ФИЛИПЧЕ ИЗВРШИ ЛОБОТОМИЈА ВО ЖИВО, СО НЕГО И СДСМ МАКЕДОНИЈА БИ СТАНАЛА КЛИНИКА НАМЕСТО ДРЖАВА“: Латас распали за Конгресот на СДСМ

ДАЛИ ОД 29 НОЕМВРИ ДОАЃА НОВ СТУДЕН И СНЕЖЕН БРАН? Еве што покажуваа глобалниот прогностички модел

ДАЛИ ОД 29 НОЕМВРИ ДОАЃА НОВ СТУДЕН И СНЕЖЕН БРАН? Еве што покажуваа глобалниот прогностички модел

„ОД ВРЕМЕТО НА ЦРВЕНКОВСКИ НЕМАВМЕ СЛУШНАТО ТАКОВ ГОВОР НА ЛИДЕРОТ“: Спасов со пофални зборови за Филипче

„ОД ВРЕМЕТО НА ЦРВЕНКОВСКИ НЕМАВМЕ СЛУШНАТО ТАКОВ ГОВОР НА ЛИДЕРОТ“: Спасов со пофални зборови за Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор