27 Април, 2024
0.4111

Здравство призна дека е уништен сомнителен инсулин од паралелен увоз набавен во време на претходната власт

Објавено во: Македонија 08 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Министерството за здравство преку соопштение го повика ВМРО-ДПМНЕ да одговори зошто набавувало сомнителен инсулин и да не манипулира на сметка на здравјето на пациентите. Уништувањето на инсулинот, посочуваат од Министерството, е од стоковите резерви и станува збор за инсулин набавен со паралелен увоз во време на ВМРО-ДПМНЕ, а неговото отстранување е направено со одлука на Владата.

– Нема да дозволиме нашите граѓани да користат сомнителен инсулин. Уништениот инсулин од паралелен увоз е вреден 330 илјади евра, а не еден ипол милион евра како што говорат во нивната прес-конференција. Еден од најголемите проблеми во здравството во владеењето на претходната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ беше набавката на лекови со паралелен увоз и сомнителен квалитет, стои во соопштението.

Владата, посочуваат од Министерството, направи суштински реформи во здравствениот систем.

– Со донесените измени и дополнувања на Законот за лекови и медицински средства, сега сите пациенти со дијабетес имаат оригинални инсулини со сертификат за квалитет. Пациентите користат квалитетни и оригинални инсулини. Не е како порано пациентите да не знаат каков инсулин примаат. Прашајте ги пациентите дали беа задоволни од инсулините од паралелен увоз со сомнителен квалитет и потекло. И прашајте ги сега, колку се задоволни од новите инсулини кои се оригинални. Воведовме три нови типови на инсулини, кои се најнова генерација на лекови, истакнуваат од Министерството.

Наведуваат дека со укинувањето на паралелниот увоз на лекови го загарантирале квалитетот на инсулин и пациентите со дијабетес имаат најквалитетна терапија и во континуитет се снабдени со инсулин во соодветни рокови и со подобар квалитет. Апелираат до ВМРО-ДПМНЕ да престане да креира лажни вести и преку манипулации да собира дневно политички поени.

Од опозицијата пак преку соопштение велат дека Министерството за здравство денес го призна скандалот со уништување на инсулин со валиден рок, колку и да се крие зад манипулативни соопштенија. 

„Кога веќе го призна скандалот тежок 1,5 милиони евра, тогаш треба да се понесе и одговорност.

Уништени се количини од инсулин кој го произведува една од најреномираните светски компании, која со своето реноме стои зад квалитетот и не се работи воопшто за неквалитетен инсулин. Ги повикуваме министерството за здравство да ја објавата целата документација за ова скандалозно уништување и ако имаа храброст нека објаснат како инсулинот произведен од една од најреномираните светски компании бил неквалитетен.

Уништениот инсулин имал рок на употреба до 6 и 7 месец наредната 2020 година, што го отвора сомнежот дека крајната цел била да се создаде во наредниот период инсулинска криза во Македонија, која после би се менаџирала со интервентна набавка.

Оваа уништена количина има пазарна вредност од 1,5 милиони евра и за таа сума постои штета по буџетот за која некој треба да одговара“, реагираат од ВМРО ДПМНЕ.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“