ЗДРАВСТВОТО ГО ДОПИРА ДНОТО: Неажурност за резултати од биопсија „однеле во смрт“ студентка од Велес
Објавено во: Македонија 31 Март, 2017 21:01
Порталот НОВА ТВ со потресна сторија која ја отсликува состојбата во македонското здравство.
Овој пат жртва е млада студентка од Велес која починала лани чекајќи три месеци резултати од анализите кои заглавиле во лавиринтите на институциите поради ненавремена реакција на лекарите.
Најблиските на починатата девојка, за која инсистираа да не се објави името, кое е познато на редакцијата, сметаат дека е изгубено драгоцено време во кое болести напредувала.
Се започнало со навидум мал израсток на израсток под кожата на грбот, а завршило со карцином кој се раширил по сите органи во телото што довело до смртни последици. Оваа шокантна приказна најпрво ја обелодени нејзиниот најдобар другар Љупчо Јованов од Велес, а откако го контактиравме семејството и тоа ја потврди информацијата.
Револтиран од се што се случувало тој ја раскажа приказната за младата девојка, штотуку дипломирана студентка на Медицинскиот факултет во Штип на отсекот за акушерство. Откако забележала дека има израсток под кожата, таа ја посетила матичната лекарка. Одговорот бил дека е обично масно ткиво и „да не се секира бидејќи не е ништо страшно“. Но, израстокот почнал да се зголемува. За два месеца станал поголем, местото почнало да боли, таа не можела да си ги извршува секојдневните обврски , не можела ниту да седи, ниту да лежи подолго. И повторно побарала помош од матичната лекарка. Таа и се обратила со зборовите“ девојко бидејќи ова расте, да не ти прави проблеми најдобро би било да го отстраните“, по што ја упатила во болницата во Велес.
„Таму ја оперираа, а дел од ткивото веднаш го испратија на испитување на Институтот за патологија во Скопје. Тука ја направија првата грешка, при операцијата кога лекарот го направил резот погрешно и ги исекол нервните завршетоци, па имаше страшни болки. На излегување од болница хирургот и рече дека резултатот од биопсијата ќе биде готов за десет работни дена и тогаш да дојде да си го земе“, ја започна приказната Јованов.
Можеби ќе ве интересира
Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти




