27 Април, 2024
0.0301

Зекири: Со ДУИ нема шанси да одиме во предизборна коалиција, со другите албански партии преговараме, брзо ќе се знае

Објавено во: Македонија 19 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Потпретседателот на СДСМ и пратеник во Собранието, Мухамед Зекири, во вечерашната емисија Отворено на Телевизија 24 рече дека СДСМ е единствена партија што има капацитет на претстојните избори да оди во коалиција со некоја од албанските партии. 

„Ние сме отворени за соработка со сите политички партии на Албанците во земјава. Освен со ДУИ, нема шанса со нив да се оди заедно во предизборка коалиција. Тоа е исклучено како можност и нема да се случи. Со останатите партии вратите се отворени и може да се случи за прв пат во историјата на нашата земја да имаме за парламентарни избори една таква предизборна коалиција. Јавноста за тоа брзо ќе биде запознаена. Секако дека таквата евентуална коалиција ќе се заснова на заедничка програма која обострано ќе биде прифатена од коалиционите партнери со кои СДСМ коалицира во моментов, но и од новата партија или партии. Ние оставаме простор за сите партии. Две веќе изјавија интерес за такво нешто. Тоа не е тајна. БЕСА изјави дека е заинтересирана доколку ги усогласиме програмите, а ДПА исто така се нуди како можен коалициски партнер, а ние сме отворени секако и за другите партии“, изјави Зекири.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“