07 Октомври, 2024
0.0346

Зелена лупа: Само за Мијалков нема судница, Верушевски да биде донесен стражарно

Објавено во: Македонија 06 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Откако разузнавачот Зоран Верушевски не се појави на главната расправа за судското рочиште „Таргет Тврдина“, реагираше „Зелена лупа“, здружението кое ги следи судските процеси на предметите од СЈО, дека неговото присуство требало да биде стражарно обезбедено и дека постојаните изговори дека нема слободна просторија за судење се привилегија за Сашо Мијалков, екс-директорот на УБК.

- Судијката Џенета Бектовиќ соопшти дека сведокот постојано бил уредно викан на адресата која е наведена за негово место на живеалиште, но безуспешно бидејќи во неговиот дом немало никој. Судот доставил покана и до местото каде работи, во Владата но и таму сведокот Верушевски не ја примил лично поканата за денешното рочиште за предметот "Таргет Тврдина". Судот донесе решение да ја одложи денешната главна расправа, а воедно се обрати и кон обвинителите на СЈО за да и самите тие вложат напори да го пронајдат својот сведок за следното рочиште. На самиот крај како и вообичаено за овој предмет, Судијката Џенета Бектовиќ повторно не можеше да закаже повеќе од еден термин месечно за следните рочишта. Нејзината изјава кон присутните беше :-"Проблем со судниците“, реагира „Зелена лупа во својот извештај за денешното рочиште.

Од таму додаваат дека кога станува збор за Мијалков, секогаш имало проблем со изнаоѓање на слободна просторија за судење.

„Од секојдневниот мониторинг на Зелена Лупа, можеме да потврдиме дека во сите случаи на СЈО, обвинетите се почесто во судница и за истите секогаш има термини и слободни судници,за разлика од обвинетиот Сашо Мијалков кој во судот како обвинет се појавува едвај 2-3 пати месечно и за него очигледно е тешко да се најде слободна судница, иако работат и двете згради на Кривичниот суд, и често пати сме сведоци за неколку слободни судници. За сведокот Зоран Верушевски кој не се појави на денешното рочиште а е предложен од страна на Специјалното јавно обвинителство, обвинителите од СЈО иако имаа право да побараат негово стражарно приведување за следното рочиште, тие тоа не го побараа од судот“, се вели во извештајот на „Зелена лупа“.

Верушевски ќе добие нова покана за рочиште иако претходната како што пренесоа дел од медиумите повикувајќи се на извори од судечкиот совет не ја примил лично туку му била пратена на домашната адреса.

Во „Таргет-Тврдина“ обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во бегство во Грција, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски.

Предметот "Таргет Тврдина" се однесува за масовното нелегално прислушување во УБК преку 3 системи за следење на комуникација од 2008 до 2015 година.

Следното рочиште е закажано за 23.09.2019 во 10 часот.


Можеби ќе ве интересира

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

НОВАТА ВЛАДА ПОВЕЌЕ МУ СЕ ДОПАЃА НА КУРТИ: Еве што кажа косовскиот премиер

НОВАТА ВЛАДА ПОВЕЌЕ МУ СЕ ДОПАЃА НА КУРТИ: Еве што кажа косовскиот премиер

ПРЕТСТОИ „ЖЕШКА НЕДЕЛА“: Мини лето од денес во земјава

ПРЕТСТОИ „ЖЕШКА НЕДЕЛА“: Мини лето од денес во земјава

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме