18 Мај, 2024
0.0341

ЗЕЛЕНАТА ПАРТИЈА НА ИСПИТ, ВРИЕ ВО ДОМ - се бара оставка од Морачанин, таа вели, тоа се поединци

Објавено во: Македонија 09 Август, 2021

Добивај вести на Viber

Во „зелената“ партија ДОМ, деновиве пслабо се занимаваат со зеленило, а повеќе со раздорот, кој со денови ја следи партијата.

Вчера јавноста беше „потресена“ со уште една работа поврзана со ДОМ, откако минатата недела беше сменета директорката на Државниот инспекторат за заштита на животната средина, Ана Петровска, која потекнува од таа партија. 

Имено, од името на 17 општински организации, дел од членовите во партијата, вчера бараа оставка од Маја Морачамин, претседателка на партијата. Според нив, под раководство на Морачанин наводно била напуштена идејата на зелена партија. Тие рекоа и дека во партијата односите биле недемократски.

„Маја Морачанин со актуелното раководство се само лица поединци без поддршка од општинските организации на партијата. Тие се интересираат само да приграбат нови позиции, жестоко се пресметуваат со секој неистомисленик. Од Маја Морачанин бараме оставка“, изјавија дел од нив. 

Сите овие обвинувања експресно беа отфрлени од Морачанин. Претседателката на партијата негира дека зад групата која бара оставка од неа, стојат 17 општински организации. Односно, како што вели Морачанин, тоа билетуку дека тоа се само неколку поединци. 

„Не е точно дека 17 општински организации бараат оставка, тоа се десетина поединци кои што немаат право да зборуваат во името на членовите на општинските организации бидејќи членовите на општинските ниту се консултирани ниту воопшто знаат за вакво случување. Значи, тоа не е точно, тие си зборуваат во свое лично име. Се работи за неколку поединци кои веројатно мотивирани од некои свои лични побуди, но верувам и од некои други политички агенди.“, изјави Морачанин.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци