Зеленски го повикува светот да спречи несреќа во нуклеарната централа Запорожје
Објавено во: Свет 16 Август, 2022
Светот ќе загуби од тероризмот и ќе подлегне на нуклеарната уцена доколку ништо не се преземе за да се спречи несреќата во нуклеарната централа Запорожје, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Ако светот сега не покаже сила и решителност да одбрани една нуклеарна централа, тоа ќе значи дека светот ја загуби битката со тероризмот и се предаде на нуклеарната уцена“, рече Зеленски за време на своето видео обраќање, пренесува Ројтерс.
Русија ја презеде нуклеарната централа Запорожје, најголемата нуклеарна постројка во Европа, набргу откако ја нападна Украина во февруари, во она што Кремљ го нарекува „специјална воена операција“.
Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за гранатирањето на НЕ Запорожје во текот на изминатата недела.
фото: ЕПА
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.