ЗЕМЈА КОЈА Е ТОП ЗА СТРАНЦИ: Секој десетти работник е „увезен“
Објавено во: Економија 19 Декември, 2018
Словенија е атрактивна земја за странци, а најновите податоци покажуваат дека секој десетти работник е од друга земја.
Скоро 10 проценти од сите вработени лица во Словенија се странци, а нивниот број пораснал за 19,5 проценти на годишно ниво.
Овој податок го објави словенечкиот Завод за статистика.
Во Словенија месецов имало вкупно 87.700 вработени странци, што е за над два проценти повеќе во споредба со септември годинава.
Од вкупниот број страници, околу 42.600 се државјани на Босна и Херцеговина, 10.800 на Србија, а 7.500 на Хрватска.
Странците работат претежно во градежништвото (23.400), производството (20.300) и транспортот (14.800).
Вкупниот број на вработени во Словенија овој месец пораснал за 0,9 проценти во споредба со ноември и за 3,2 отсто во однос на декември 2017 година.