19 Април, 2024
0.0250

ЗЕМЈАТА КАКО ПРОИЗВОДЕН ФАКТОР И НЕЈЗИНОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ СОЗДАВАЊЕ НА ДОХОД ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО

Објавено во: Колумни 03 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Во земјоделството, од првостепено значење е заштитата и стопанисување со земјата како производен фактор. Производството на земјоделски производи  не може да се замени без неа. Неограничено ширење на обработлива земја, пространо географски е невозможно. Според ФАО, вкупната сува површина во светот е 14,8 милијарди ха . Потенцијално погоден за површини за одгледување на земјоделски култури  е околу 3,2 милијарди хектари, а фактички се усвоени 1,5 милијарди ха. Постојано губење на земја од ерозија, засолување и градење трајни објекти и друго  се пресметува на околу 10 милиони ха, кои налагаат усвојување на околу 20 до 25 милиони ха нови површини годишно.

Економски идеи за земјоделството во “старо време”

  Уште во законите на цар Хамурати, во Древен Вавилон, се зборува за начините на владеење, распоредување и користење на земјоделската земја. Голем дел е посветен на давањето под закуп, за што при непочитувањето на задолженијата од страна на земјоделецот кон сопственикот на земја има строги санкции. Во законите јасно се разгледани сите клаузули кај кои можат да се појават конфликти помеѓу тој што ја обработува земјата и нејзиниот сопственик. Се забранува продажба на земјоделски парцели бидеќи врховен сопственик е царот. Се забранува на маварите, без одобрување на должникот да ја присвои реколтата за неисплатени долгови. Се определува камата во големина од 20% во паричен износ и една третина во натурална форма и друго. Овие закони се типични за повеќето древни народи, бидејќи земјоделството е најважен занает од кој зависи благосостојбата на секоја држава. Затоа во Месопотамија, Египет и други, земјоделската дејност била поверена на селаните, не на робовите, заради земјоделската практика.

Погледи за земјата во економската практика

Економската теорија одделува важно место на проблемот на земјата, како проиводен фактор, во повеќе школи од разни историски периоди. Според класичната економска теорија – земјата , капиталот  и трудот се три најважни производни фактори. Според Рикардо, плодоредот и квалитетот на земјата се основни детерминанти  на нејзината цена и рентата. Според Тјунен, важни карактеристики исто така се местоположбата на земјата и нејзината оддалеченост од пазарот на земјоделските производи, т.е. транспортните трошоци имаат влијание врз рентабилноста на продукцијата.

  Во 18 век се развиваат идеите на физиократичната школа. Според неа во феудалната состојба се воведуваат феудални даноци разнебитувања  на земјоделството и упад во него на сврзаните со него занаети по   што се предлага воведување на принципите на стопански либерализам. Кене, како заштитник на  “природниот ред” смета дека најголемо просперирање може да стане во земјоделството. Да се пропрати правото на индивидуална сопственост, на слобода и афирмирање на личните интереси за правото на приватна сопственост врз земјата.

  Кога ја истражуваа додадената вредност пред 19 век Маркс мораше да го определува нејзиното декомпозирање на добивки, рента и камата. Рентата ја разгледува како превртена форма на додадената вредност во земјоделството.

  Неокласичната школа, продолжува да ги разгледува производните фукнции и да ја третира по аналоген начин на земјата.

  Во индустриската епоха значењето на земјата се изместува од развој на техниката и технологијата. Можноста – земјата да биде вреднувана и прододадена на капиталот е во основата на производната функција.

  Во постиндустриското општество значењето на земјата, капиталот и трудот се разгледуваат во врска со нивната способност да создаваат доход и богатство кај нивната количинска ограниченост.

Римскиот форум изведува пет основни фактори на одржливиот развој: природен капитал, социјален капитал, човечки капитал, производен капитал и финансиски капитал. Потребно е да се пресмета нивното значење кај создавањето на богатството низ рационално усогласување.

Економска теорија и пракса во земјите од Централна Источна Европа

Во времето на градењето на социјалистичкиот модел во развој на земјоделството, предвидувањата на Маркс и претставниците на боржуаската политичка економија за победа на крупното земјоделство и на крупните модерни земјоделски претпријатија не се оствари.

  Историската практика налага индивидуално, семејно земјоделско стопанство од фармерски тип, како најефикасна форма во контекст на сестрани промени во економиката, во технологијата, на различни видови кооперативни и други здруженија. Оваа тенденција беше јасно промовирана по Втората Светска Војна. Но политиката во источно европските е насочена кон поопштествување на земјоделското производство. По крахот на колективизацијата во Унгарија во 1956 година, кај вториот бран на кооперирање согледувајќи го правилото да се направи тоа кое што успешно работи таа  забележа значителен успех во земјоделството.

  Потребата од приватизацијата на сите ресурси користени во земјоделството, ослободување на цените на сите вложувања и производи се на дневен ред од 1990 година во земјите од Централна и Источна Европа. За крајна цел на приватизацијата на земјата која се користи за земјоделските потреби, природнитге ресурси, животните, земјоделските структури и средства за работа да поминат во приватна сопственост. Со воспоставувањето на сопственост врз земјата, сопствениците на земјата треба да решат што ќе прават со неа – да ја продадат, да ја издаваат под наем или да ја остават без обработка.

Тоа е претпоставка но не и единствен услов за ефективно користење на земјата  70 години  по промените во аграрната дејност проблемот за земјата како производен фактор наоѓа своја задолжителност во развојот преку нова нормативна рамка и нејзина примена во економската дејност хармонизирани со барања и логиката на европските и националните пазарни стратегии.

  Значењето на факторот земја кој создавањето на доходот може да се оцени преку корелационо-регресиоанализам, за да се елиминира или да се намали влијанието на ред фактори како што се : инфлација, камати, валути, курсеви и друго.

Заклучок. Во земјоделството, од првостепено значење е заштита икористењето на земјата како основен природен фактор.Во аграрната опитност таа е основен извој на доход и на богатството. Во постиндустријалното општество, користењето на земјата и другите природни ресурси се разгледува од гледна точка на претпоставки за одржлив развој. Потребно е  да се оценува нивниот  принос кај создавањето на богаството преку рационално усогласување. Ефективното искористување на земјата е функција на правото за сопственост и развој на формите на земјоделските претпријатија кое што има своеобразна рефлексија во економската практика на земјите. Со воспоставување  на сопственоста на земјата, сопствениците имаат можност да го рационализираат незиното користење од гледна точка – максимилизирање на корист од земјата.

Проф. Д-р. Борис Анакиев


Можеби ќе ве интересира

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок