Земјата како производствен фактор
Објавено во: Колумни 11 Јуни, 2020 08:47
Во земјоделството од првостепено значење е заштитата и стопанисување со земјата како производствен фактор. Производството на земјоделски производи не може да се замени без неа. Неограничено ширење на обработливата земја, просторно географски е невозможно. Според ФАО, вкупната сува површина за одгледување на земјоделски култури е околу 3,2 милијарди хектари, а фактички се освоени 1,5 милијарди ха. Постојано губење на земја од ерозија, засолување и градење трајни објекти и друго се пресметува на околу 10 милиони ха,кои налагаат освојување на околу 20 до 25 милиони ха нови површини годишно.Уште во законите во Древен Вавилон се зборува за начините на владеење, распоредување и користење на земјоделската земја. Голем дел е посветен на давање под закуп, за што при непочитување на задолженијата од страна на земјоделецот кон сопственикот на земјата има строги санкции. Во законите јасно се разгледани сите клаузули кај кои можат да се појават конфликти помеѓу тој што ја обработува земјата и нејзиниот сопственик. Се забранува продажба на земјоделски парцели бидејќи врховен сопственик е царот. Се забранува на маварите, без одобрување на должникот да ја присвои реколтата за неисплатени долгови. Се определува камата во големина од 20 отсто во паричен износ и една третина во натурална форма и друго. Овие закони се типични за повеќето древни народи, бидејќи земјоделството е најважен занает од кој зависи благосостојбата на секоја држава. Затоа во Месопотамија, Египет и други, земјоделската дејност била поверена на селаните, не на робовите, заради земјоделската практика. Економската теорија одделува важно место на проблемот на земјата, како производствен фактор, во повеќе школи од разни историски периоди. Според класичната економска теорија - земјата, капиталот и трудот се три најважни производствени фактори. Според Рикардо, плодоредот и квалитетот на земјата се основни детерминанти на нејзината цена и рентата. Според Тјунен, важни карактеристики исто така се местоположбата на земјата и нејзината оддалеченост од пазарот на земјоделските производи, т.е. транспортните трошоци имаат влијание врз рентабилноста на продукцијата.
Кога ја истражуваше додадената вредност през 19 век, Маркс мораше да го определува нејзиното декомпозирање на добивки, рента и камата. Рентата ја разгледува како превртени форми на додадената вредност во земјоделството.
Неокласичната школа продолжува да ги разгледува производните функции и да ја третира земјата по аналоген начин.
Во индустриската епоха значењето на земјата се изместува од развој на техниката и технологијата. Можноста – земјата да биде вреднувана и придодадена на капиталот е во основата на производствената функција.
Во постиндустриското општество значењето на земјата, капиталот и трудот се разгледуваат во врска со нивната способност да создаваат доход и богатство кај нивната количинска ограниченост.
Римскиот форум изведува пет основни фактори на оддржливиот развој, приподен капитал, социјален капитал, човечки капитал, производствен капитал и финансиски капитал. Потребно е да се проценува нивното значење кај создавањето на богатството низ рационално усогласување.
Во времето на градење на социјалистичкиот модел во развој на земјоделството, предвидувањата на Маркс и представниците на буржѕаската политичка економија за победа на крупното земјоделство и на крупните модерни земјоделски претпријатија не се оствари.
Историската практика налага индивидуално, семејно земјоделско стопанство од фармерски тип како најефикасна форма во контекст на сестрани промени во економијата, во технологијата, на различни видови кооперативни и други здруженија .Оваа тенденција беше јасно промовирана по Втората Светска Војна . Но, политиката во Источно европските земји беше насочена кон поопштествување на земјата и земјоделското производство. Тезата забележа значителен успех во земјоделството.
Потребата од приватизацијата на сите ресурси, користени во земјоделството, ослободувањето на цените на сите вложувања и производи беа на дневен ред од 1990 година во земјите од Централна и Источна Европа. За крајна цел на приватизацијата на земјата која се користи за земјоделските потреби, природните ресурси, животните, земјоделските структури и средства за работа поминат во приватана сопственост.
Тоа е претпоставка но не и единствен услов за ефективно користење на земјата. 70 години по промените во аграрната дејност проблемот на земјата како производствен фактор наоѓа своја задолжителност во развојот преку нова нормативна рамка и нејзина примена во економската дејност хармонизирани со барањата и логиката на европските и националните пазарни стратегии.
Значењето на факторот земја кој во создавањето на доходот може да се оцени преку корелационо – регресиона анализа за да се елиминира или да се намали влијанието на ред фактори како што се: инфлација, камати, валути, курсеви и друго.
Проф. Д-р. Борис Анакиев
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





