Добивај вести на Viber
Годишен надомест ќе плаќаат земјоделците и фирмите што чуваат стока, ако користат државно пасиште, пишува весникот Дневник.
Државата со нов закон за пасишта го уредува и овој сегмент од земјоделството за да не се узурпираат пасиштата и да завршат во рацете на тие на кои им се потребни. Според новиот закон, казна од 1.500 до 3.000 евра ќе добие секој земјоделец што ќе напасува добиток на пасиште за кое нема склучено договор за концесија. Слична казна е предвидена и се узурпира, разорува и на друг начин уништува пасиште кое е во државна сопственост.
Во Земјоделската инспекција велат дека досега имале неколку случаи кога пасишта им биле доделени на лица што воопшто не биле регистрирани како сопственици на крави, овци или на друг добиток.
Со измените на законот, се дефинираат времетраењето на договорот, кој може максимум да биде до 10 години, начинот на водење регистар на пасишта во државна сопственост, забраните за разорување и узурпација на пасиштата и прекршочните одредби.
Покрај глобата, на правното лице ќе му се изрече и прекршочна санкција привремена забрана за вршење дејност во траење од една до три години.