ЗЕМЈОТРЕС: Се стресоа Гостивар и Маврово
Објавено во: Македонија 22 Декември, 2020
Се стресе западниот дел на Македонија.
Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска неколку минути пред 13 часот. Потресот е почувствуван во во Гостивар и Маврово. Епицентарот бил на 18 километри северозападно од Гостивар.
На 14 декември имаше слаб земјотрес во западна Македонија.