16 Декември, 2018
0.3107
    ALK 8197.71    -1.16%     FERS 67900    0%     GRNT 800.16    -2.3%     KMB 5024.07    -0.79%     MPT 46679.54    -1.73%     MTUR 4900    0%     OHB 6517    -0.43%     OILK 6000    0%     OKTA 4350    0%     RMDEN12 97.3    0.31%     RMDEN15 96.8    -0.41%     RMDEN16 97    0%     SBT 1950    8.22%     SOLN 170    0%     STB 1281.65    -0.63%     TEL 299.58    -0.14%     TNB 14180    -0.14%     TTK 1270    -0.78%     ZLRB 6170    311.33%

Жени од цел свет во новиот спот на Дарио

Објавено во: Стил 12 Август, 2018

Кантавторот Дарио го промовираше спотот за песната „Што е мое ќе си дојде“, препеана на српски јазик, „Što je moje to će doći“. Видеото е колаж од снимки од луѓе од цела поранешна Југославија но и од неколку европски земји, Австралија и Америка како ги пеат стиховите.  Песната стана химна на „Вортекс“ програмата на познатата хрватска мотивациска говорничка Ана Бучевиќ. Во видеото, на крајот се појавува и Дарио, сниман во Скопје, композиторот Кристијан Габровски, како и неговата ќерка, Андреа. 

Пред неколку месеци, Бучевиќ одржа семинар во Скопје и тогаш за прв пат се сретна со македонскиот музичар. Претходно, песната на Дарио на Ана ѝ ја пратила неговата ќерка Андреа.

„ Кога ја слушнав песната на Дарио и стиховите, знаев дека тоа е вортекс песна, ме воодушеви. Ако верувате дека во животот ќе ви дојде токму она кое што ви припаѓа, и ако сметате дека сте еден од оние кои по секое паѓање во животот брзо стануваат, веднаш слушнете ја оваа прекрасна песна“, изјави Ана Бучевиќ за соработката со Дарио. На своите инстаграм профили, жените од Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора кои ја следат работата на Бучевиќ, објавуваат инспиративни видеа пеејќи ја песната. Некои од нив пеат на плажа, некои на прошетка, некои додека готват, и токму тоа е приказната на спотот. Стиховите: “Што е мое ќе си дојде, сѐ друго оставам да пројде,“ станаа регионална мотивација.   

Дарио со ќерката, сопругата и со Ана Бучевиќ 

Македонскиот кантавтор, за Женски магазин изјави дека му е жал што песната, која ја промовираше пред две години како водечка на албумот „Ако силно посакам“ во Македонија луѓето не ја препознале.

„ Песната има силна порака, уште од денот кога ја промовирав, и жал ми е што многумина кај нас не ја разбраа. Овде изгледа луѓето само на политика мислат. Откако договорив соработка со Ана Бучевиќ, регионалната верзија на песната има околу 11,000 прегледи на јутјуб дневно, а се пушта и по радијата во поранешна Југославија. Ја снимвме во студиото на мојот соработник Кристијан Габровски, чија мајка е хрватица и ми помогна за новата верзија на текстот“, ни изјави Дарио. 

Бучевиќ е автор на неколку бестселери и најпозната мотивациска говорничка во регионот. Нејзините предавања до сега мотивираа стотици илајди луѓе да го променат животот на подобро.


Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) Дарен во прегратка кај дада Хана: Децата на Тамара се преслатки

(ФОТО) Дарен во прегратка кај дада Хана: Децата на Тамара се преслатки

(ФОТО) Сите стајлинзи кои ги промени Лепа Брена на спектакуларниот концерт во Скопје

(ФОТО) Сите стајлинзи кои ги промени Лепа Брена на спектакуларниот концерт во Скопје

DIY: Лесни и едноставни новогодишни честитки!

DIY: Лесни и едноставни новогодишни честитки!

Боба Живојиновиќ дојде од Мајами специјално за концертот на Брена во Скопје

Боба Живојиновиќ дојде од Мајами специјално за концертот на Брена во Скопје

Како Скопјанецот Стојче се богати од билка која ја донеле нашите предци во времето на Александар Македонски

Како Скопјанецот Стојче се богати од билка која ја донеле нашите предци во времето на Александар Македонски

(ВИДЕО) КОГА НАДЕЖТА Е ПОСИЛНА ОД БОЛЕСТА: Ова девојче прави неверојатни цртежи

(ВИДЕО) КОГА НАДЕЖТА Е ПОСИЛНА ОД БОЛЕСТА: Ова девојче прави неверојатни цртежи

(ФОТО) На кого личи Илина: Сара Мејс конечно ја покажа ќерка си

(ФОТО) На кого личи Илина: Сара Мејс конечно ја покажа ќерка си

(ВИДЕО) БОЖИЌНАТА РЕКЛАМА НА ХИТРОУ: Кадифените мечки повторно се тука

(ВИДЕО) БОЖИЌНАТА РЕКЛАМА НА ХИТРОУ: Кадифените мечки повторно се тука

(ФОТО) ИЗБЕГАЈТЕ ОД ДОМА: Градови кои се магични за дочек на Новата година

(ФОТО) ИЗБЕГАЈТЕ ОД ДОМА: Градови кои се магични за дочек на Новата година