Зеница погодена од силно невреме: гром усмртил маж на лице место
Објавено во: Балкан 23 Јуни, 2019
39 годишен маж од Зеница загинал на лице место кога гром го удрил во местото Краљевина.
Трагедијата се случила денес додека тој се наоѓал на трактор со неговиот татко, брат и двајца соседи.
Инаку, силна бура и дождови проследени со грмотевици и громови веќе неколку дена го тресат цел регион, а во Хрватска е повредено и едно лице во пожар кој од удар на гром избил на кровот на куќа.