18 Мај, 2024
0.0301

Зголемена казната затвор за убиецот на тинејџерот Никола Христовски во Ново Лисиче

Објавено во: Македонија 17 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

А.Т. (18) кој со нож смртно го прободе тинејџерот Никола Христовски во скопската населба Ново Лисиче доби една дополнителна година затворска казна. Апелациониот суд во Скопје ја прифати жалбата на обвинителството и убиецот наместо три, сега добива четири години.

Првостепената одлука предизвика огромно незадоволство на социјалните мрежи и имаше протести од страна на граѓаните од Ново Лисиче. Според судската одлука, А.Т. дошол од друга населба во Ново Лисиче и носел нож со себе, а откако голема група млади го бркале, навредувале и напаѓале, тој во безизлезна ситуација го прободел Христовски.

-Пресудата на Основниот кривичен суд се преиначува во делот на одлуката на кривичната санкција, на начин што обвинетиот А. Т., кој со првостепената пресуда е огласен за виновен за кривично дело убиство на миг по чл.125 од Кривичниот законик, согласно тој член и одредбите на чл.4,32,33,35 и 39 од КЗ, се осудува на казна затвор во траење од 4 години во која казна се засметува времето поминато во притвор сметано од 14.08.2019 година до 07.04.2020 и времето поминато во куќен притвор од 20.05.2020 година до 19.07.2020 година. Во останатиот дел првостепената пресуда се потврдува, велат од Апелациониот суд, во одлуката до која дојде 24Инфо.

Апелација не ја прифати жалбата на обвинетиот дека во критичниот момент делувал во нужна одбрана, бидејќи во конкретниот случај нема пропорционалност меѓу интензитетот на нападот и реакцијата на сторителот при одбраната.

-Имено, околностите поврзани со видот, карактерот, тежината и сериозноста на ова кривично дело, големата општествената опасност од ваквиот вид на кривични дела, степенот на кривичната одговорност на обвинетиот заштитното добро и во таа смисла јачината на загрозување на истото доведени во корелација со личните, семејни и материјални прилики на обвинетиот, пред се неговата возраст – истиот е помлад полнолетник, со се уште неоформено средно образование, невработен, нема оформено свое потесно семејство, досегашното примерно поведение – фактот да е неосудуван, не се водат ниту други кривични постапки упатуваат на потребата од изрекување на повисока казна затвор, се вели во образложението на заповисоката казна.

Можеби ќе ве интересира

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада