Добивај вести на Viber
Оштетените и излупени фасадина зградите околу плоштадот Карпошово востание во центарот на Cкопје, ќе добијат ново руво, информираа вчера од Град Cкопје.
Градските власти распишаа два конкурса за избор на архитектонски решенија за санација на надворешниот изглед на овие зданија, лоцирани на улицата Црвена скопска општина. Од архитектите се бара новите фасади да исполнуваат неколку критериуми, вклучувајќи ја инвентивноста во пристапот на нивно обликување, изводливоста, одржливоста и економичноста на решението и задоволувањето на прописите и актите за проектирање и реконструкција на фасадите.
На победничкото идејно решение ќе му биде доделена награда во нето износ од 150 илјади денари. Заинтересираните субјекти треба да ги достават своите трудови најдоцна до 23 август во просториите на Град Скопје. Од овогодинешниот градски буџет за реконструкција и промена на надворешниот изглед на постоечките зданија во центарот на Скопје ќе бидат издвоени 115 милиони денари.