Добивај вести на Viber
Холандската компаниај „Гронтмеј“ го подготви проектот, а сега се чека тендерот за избор на изведувач на градежните работи за новиот лик на Железничката станица во Скопје.
Останува отворено прашањето дали ќе има само еден тендер или пак реконструкцијата ќе опфати повеќе компании кои ќе учествуваат во различни сегменти од зафатот.
-Ќе се направат два лифта и подвижни скали за приод до пероните, нов информациски систем на влезот и на пероните, систем за разглас, ново осветлување, адаптација на санитарни чворови за лица со посебни потреби, климатизација, подигнат и реновиран под со плочки за полесно влегување во возот, вели “ Петар Спасовски, помошник директор за општи работи во МЖ-Инфраструктура.