Добивај вести на Viber
По рекордната премија 6+1 во 66-то коло, 73-коло на Новолото 7/34 донесе уште еден добитник на оваа примамлива добивка, информираат од Државна лотарија на Македонија. Станува збор за играч од Струмица кој уплатата за 73-то коло ја направил во продажнотот место „Ваткос“ во Струмица. Среќното место со знакот на Детелинката, на пензионерот кој сака да го сочува својот идентитет, се покажало како навистина такво, носејќи му ја оваа убава премија вредна 229.116,00 денари.
„Нашиот најнов добитник е пасионарен играч на нашите игри на среќа, а покрај НОВОЛОТО 7/34 сака да игра и Џамбо Бинго и Инстант лотарија. Токму неговата убава пасија покрај оваа премија, претходно му ја обезбедила и добивката 6ка во НОВО ЛОТО 7/34.
Мошне интересно е што вечерта кога течело самото извлекување, не го следел тој лично, туку неговата сопруга спремајќи зимница. Но, таа не ги знаела броевите кои тој ги одиграл. Во еден момент и прелетала мисла дека можеби нејзиниот сопруг е среќниот добитник. Женската интуиција се потвдрила како прецизна. Наредниот ден, кога самиот среќен играч проверил, се израдувал на убавата добивка и информацијата веднаш ја споеделил со својата сопруга. Двајцата биле пресреќни, а парите од премијата се договориле да ги поделат меѓусебно, за да ги искористат во кругот на семејството и за домашни потреби.
Државна лотарија на Македонија ве поканува уште вечерва да ги тестирате вашите среќни бројки како потенцијална среќна НОВОЛОТО 7/34 комбинација. Со задоволство Ве потсетуваме дека фондот за 7-ка е и понатаму во пораст. Во вечерашново 75-то коло фондот ближи до 10 милиони денари, погледнете го вечерва од 20ч со прекрасната Марјана на Сител телевизија“ - информираат од Државна лотарија.