30 Април, 2024
0.0339

Женската суптилност, мудрост и итрина

Објавено во: Колумни 16 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

Женската кауза во ова совремие  кое го битисуваме, за многумина е суштинска, за други не толку значајна, а за трети можеби и дегутантна. За мене, како една од борците за неа, е секогаш актуелна и вредна за споменување, споделување и актуелизирање. Можеби не секогаш и во секое време прашањата поврзани со родовиот и полов дискурс се приоритетни, но дефинитивно се прашања кои заслушуваат одговори и прашања за кои вреди да се бориш. Често пати, во разни социолошки анализи, го потенцирам прашањето за жената во јавниот простор и жената во општеството, и тоа од различен социолошки приод-од образовен, интелектуален, религиски, политички. И секој за себе и секој по себе си бара своевидна елаборација, секако не здраво разумска, туку експликација заснована на факти и аргументи. Зошто токму оваа мисла денес е моја ѕвезда водилка и умствено ме вдахнови за писание посветено токму на неа, со еден збор и една причина-изборот на специјалната јавна обвинителка.  Петнаесетти септември е датум кој за мене буди многу спомени и убави сеќавања, за овој датум сум и емотивно врзана, и покрај политичката конотација која ја има и во тој контекст можеби некому му потикнува пријатни спомени, на други му изнедрува фрустрации, во моето срце се сплотуваат емоциите на возбуда, среќа, радост и љубов бидејќи со љубениот си се ветивме на овој датум. И можеби субјективно, но мислам дека токму изборот на специјална јавна обвинителка токму на овој ден и токму жена ќе биде бериќетен. Принципиелност, правичност, мудрост  и умешност Да не бидам сфатена феминистички и субјективно ќе споменам и споделам  само некои мои размисли кои мислам дека се суштински и кои одат во прилог на потврда за изборот на личноста за обинител. Претпоставувам дека повеќето помнат кога покојниот Претседател Трајковски ја предложи Мирјана Лазарова Трајковска за претседател на Државната изборна комисија се крена огромна бура и интелектуално негодување, со аргументација од дел од интелектуалната и политичка елита дека станува збор за не доволно јавно етаблирана личност, за многумина непозната и тоа се се случуваше пред очите на целата јавност, а медиумите постојано ја анализираа нејзината личност. После изборите на тој 15-ти септември 2002 година се виде дека принципиелноста, правичноста, мудроста  и умешноста беа нејзини вредности и благодарение на неа, за мене тоа беа избори без ниту една посериозна дамка и таа личност е водечка во однос на државната изборна комисија. За нејзините компетенции и квалитети нема потреба повеќе да говорам, фактите и нејзината позиција денес доволно говорат. Од тука е и моето оптимистичко гледиште за успешност, секако проследена со суштественост, принципиелност, аргументираност и најважно-непристраснот во третирањето на случајот со кој ќе се занимава специјалната јавна обвинителка. Се надевам дека мрачните облаци кои долго беа надвиснати над нашата ни мила земја конечно ќе заминат Да бидеме искрени и реални нималку не е лесно во ова време-невреме да се фатите во костец со еден таков тежок и специфичен случај, а уште помалку е лесно да се справите со него. Малкумина еминентни и истакнати правници верувам дека би биле подготвени  принципиелно и непристрасно, без нималку страв и двојба, да ја прифатат задачата за нивно именување бидејќи малкумина се достојно и доследно храбри, мудри и неподложни на влијанија и спремни секако да ги држат жешките костени в рака. Она што ме охрабрува е токму импозантната биографија на почитуваната и оттука е мојата верба во нејзината правичност, истрајност и чесност во одлуките кои ќе ги донесе.  На нам ни останува да посакаме успешно решавање на овој општествен проблем и секако врвните вредности, како што се чесност, праведност, принципиелност, одговорност, неподпадливост и непоткупливост, да бидат приорите во сите одлуки кои ќе бидат донесени од новата јавна обвинителка.  Искрено се надевам дека мрачните облаци кои долго беа надвиснати над нашата ни мила земја конечно ќе заминат и ново сонце ќе огрее во нашата ни мила Македонија. Д-р Татјана Стојаноска Иванова Институт за социологија Филозофски факултет - Скопје  

Можеби ќе ве интересира

Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина

Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина

Оружје за Украина - пари за САД

Оружје за Украина - пари за САД