Добивај вести на Viber
Градоначалникот на општината Центар Андреј Жерновски одрекува, нема планови за уривање на Триумфалната Порта. Тој денеска ги демантираше наводите во текстот објавен на Фајненшл тајмс, каде пишува дека Жерновски планира да ја урне Портата.
„Во ниту една пригода, во изјава или настап немам споменато уривање на кој и да е споменик, па ниту на Порта Македонија. Точно е дека за иднината на спомениците и за нивната локација ќе ги прашаме граѓаните, истите оние граѓани што претходното раководство не ги праша, дали сакаат толку пари да бидат потрошени за скапите споменици и фонтани од проектот Скопје 2014“, изјави Жерновски.
Перакцијата доаѓа по написите во македонските медиуми кои го пренесоа текстот објавен на Фајненшл тајмс,во кој новинарката пишува дека Жерновски планира да се справи со Скопје 2014.
„Андреј Жерновски, новиот градоначалник на Центар, сака да го стопира проектот, да ја урне триумфалната капија и да премести поголем број од скулптурите кои, вели, треба да бидат дислоцирани низ земјава во помалите градови“, стои во текстот.