Добивај вести на Viber
Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески и градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ, денеска, ја пуштија во употреба новата водоводна мрежа за населбата Пинтија.
Со целосната изградба на водоводната мрежа, според Ставрески, се реализираше еден капитален проект, кој со децении беше клучен проблем за жителите од ова населено место.
Проектот, како што информира градоначалничката Беличанец-Алексиќ, се реализираше во три фази, во период од пет години, со финансиски средства од Владата и кредит на Светска банка. Првата фаза е целосно финансирана од Владата со 15 милиони денари. За реализација на втората и третата фаза, општина Кисела Вода се задолжи во Светска банка со кредит од 625 илјади евра.