18 Мај, 2024
0.0268

„ЖИТО ЛУКС“ изгуби 1,25 милиони евра приходи на домашниот пазар за шест месеци!

Објавено во: Економија 29 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Вкупните приходи паднале за 93,5 милиони денари, загубата за полугодието изнесува 44,6 милиони денари од кои 19,9 милиони денари се камати за кредитите кои изнесуваат 526 милиони денари „Жито Лукс“, најголемиот производител на леб во скопскиот регион, изгуби 13 отсто од своето пазарно учество односно 77 милиони денари (околу 1,25 милиони евра). Вкупниот пад на приходите на компанијата изнесува 93,5 милиони денари (речиси 1,5 милиони евра). Губејќи го просторот на пазарот, позицијата на компанијата дополнително оптоварена со камати на кредитите кои за првото полугодие изнесуваат 20 милиони денари. Менаџментот успеал да скрати дел од трошоците и да ги намали обврските на компанијата, но тоа не било доволно и првото шестмесечје „Жито Лукс“ го завршува со загуба од 44,6 милиони денари, покажуваат податоците од шестмесечните неревидирани извештаи што оваа компанија ги објави на интернет страницата на Македонската берза за хартии од вредност. Според податоците, вкупниот приход од продажба на „Жито Лукс“ во првата половина на годинава изнесува  552,2 милиони денари и е понизок за 14 отсто во споредба со истиот период лани. Најлоша вест за акционерите е тоа што најзначаен пад има кај приходите на домашниот пазар – најзначаен приходен сегмент. Приходите во првата половина од годинава изнесуваат 532,6 милиони денари бележат пад од 13 отсто во споредба со лани односно 77 милиони денари (1,25 милиони евра) помалку од истиот период лани. На губењето на приходите менаџментот реагирал со кратење на трошоците за продадени производи и услуги за 11 отсто односно за 54 милиони денари. Но збирот на останати трошоци, на административни трошоци и на трошоците на продажба и маркетинг е повисок од бруто добивката и компанијата книжи оперативна загуба од 23,9 милиони денари. Згора на тоа доаѓаат и расходите за камати што ги има „Жито Лукс“ за своите кредити кои за шест месеци изнесуваат 19,9 милиони денари. Загубата на компанијата за првото полугодие е 46,6 милиони денари и во споредба со истиот период лани е двојно повисока! Билансот на состојба покажува дека кредитната изложеност на „Жито Лукс“ за дологорочни и краткорочни кредити е 526 милиони денари. Уште 227 милиони денари се обврските на „Жито Лукс“ спрема неговите добавувачи. Вредно е да се истакне дека тие се намалени за 58 милиони денари во споредба со истиот период лани. На спротивната страна побарувањата на „Жито Лукс“ од купувачите изнесуваат 166,7 милиони денари и бележат раст од 14 отсто во споредба со истиот период лани. Најголемата скопската компанија за производство на брашно и леб бележи загуби во работењето и во 2012 и во 2013 година. Нејзината акумулирана загуба изнесува 1,75 милијарди денари и е повеќе од 70 отсто од збирот на основната главнина и резервите на „Жито Лукс“. Најголем акционер во „Жито Лукс“ е грчката прехранбена компанија „Елбиско“ кој управува 55 отсто од акциите со право на глас. Останатите 40 отсто од акциите со право на глас ги поседуваат 1.547 домашни физички лица од кои поголем дел се сегашни или поранешни работни во таа компанија. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра