18 Мај, 2024
0.1772

Живееме во 21 век, а се грееме како во 19 век

Објавено во: Економија 01 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Високата цена и непостојаниот квалитет на снабдувањето со централно греење, скапата струја и недоволно развиената мрежа за гас се наведуваат како главни причини во Извештајот за зелен раст на Светска банка зошто македонските граѓани во 21 век приоритет му даваат на дрвото како енергент за загревање на домовите. Покрај тоа, во извештајот се забележува дека лошата изолација на живеалиштата и неефикасните грејни тела придонесуваат потрошувачката на енергија за затоплување во Македонија да е два до три пати поголема во споредба со Западна Европа. Сево ова покажува дека иако сме сиромашна земја, се расфрламе со скапа енергија, а покрај економската штета правиме и еколошка штета со загадување на воздухот.

Аналитичарите на Светската банка нотираат дека растечкиот тренд на употреба на огревното дрво придонесува Македонија да се вброи меѓу земјите со најзагаден воздух, а Скопје и Тетово да се на врвот на листата со најзагадени градови во Европа. Емисиите на јаглерод диоксид и на цврстите честички, кои, меѓу другото, се создаваат и поради начинотна греење на домовите, ја рангираат нашата држава на петто место во Европа според смртноста од загаден воздух, се вели во извештајот.

Процентуално, огревното дрво многу малку се троши во Европа. Како нас, сличен удел на домаќинства кои се греат на дрва имаат само Црна Гора, БиХ и Косово.

Според нашата статистика, речиси две третини од населението во Македонија, односно 62 отсто, се грее или готви на дрва. Овој процент е драстично поголем во руралните средини, каде дрва употребуваат и до 90 отсто од домаќинствата, за разлика од урбаните каде дрвото како енергент се користи во половина од домаќинствата. Еден дел од македонските домаќинства комбинираат греење на струја и дрво, а централно греење имаат само 10 отсто од домаќинства, сите во Скопје.

Ова го покажува статистичката публикација за потрошувачката на енергенти, според која од вкупниот број на домаќинства, 61,59 отсто трошат огревно дрво и дрво од овошни насади како основен вид енергент за греење, 28,60 отсто се греат на електрична енергија, 8,33 отсто на топлинска енергија од јавни котларници, а останатите 1,48 отсто ги трошат останатите видови на енергенти, како јаглен, нафта, брикети или гас.

Но, во Југоисточниот регион дури 85,62 отсто од вкупниот број домаќинства се греат на дрва, а висок процент, над 80 отсто, на домаќинства кои се греат на дрва има и во Источниот и во Југозападниот регион. Домаќинства во Македонија кои се затоплуваат со огревно дрво годишно трошат околу 1,5 милиони кубни метри дрво, односно во просек по 4 кубици.

Најдобра опција за да се намали загадувањето од греење на дрва е овие домаќинства да преминат на друг тип загревање и тоа со помош од државата. Се препорачуваат субвенции за вградување на топлински пумпи и сончеви панели, како и што побрзо завршување на гасоводната мрежа и користење на овој евтин енергент. Поевтина и побрза опција е инсталирање филтри на оџаците, мерка што би се финансирала преку некој фонд за енергетска ефикасност.

(М.Б.)



photo by lakododoma.com; ilustracija


Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра