19 Мај, 2024
0.0288

ЖИВОТ НА РАТИ: Стасаа домаќинствата да должат колку и фирмите

Објавено во: Економија 22 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Нешто над пет милијарди евра должат македонските домаќинства и фирмите во домашните банки заклучно со октомври годинава. На годишно ниво кредитите се зголемени за 8,2 проценти. Сепак од месец во месец зголемувањето на задолжувањето кај семејствата резултираше до највисоко приближување на сумата која ја должат граѓаните до таа која по основ на кредити ја земале фирмите. Пред две години разликата во двата сектори била поголема, сега се речиси изедначени. Имено од овие пет милијарди евра или 313 милијарди денари, семејствата должат 154,3 милијарди денари, додека долгот на корпоративниот сектор е 157,3 милијарди денари. На крајот на 2016 година, домаќинствата должеле 129,3 милијарди денари, а фирмите 154,2 милијарди денари.

Ова го докажува податокот дека банките не дообруваат лесно кредити на фирмите, акредитниот раст најмногус  еодлжи на се поголемото задолжување на домаќинствата.

„Во октомври, вкупните кредити забележаа раст на месечно ниво од 0,5 проценти и од  8,2 проценти на годишно ниво. Кредитниот раст на месечно и годишно ниво во поголем дел произлегува од зголемувањето на кредитирањето на секторот „домаќинства“ чие учество во вкупниот раст е 89 проценти, велат од Народната банка.

Инаку во октомври, анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица најзастапени се потрошувачките и станбените кредити. Кај овие категории растот е двосифрен. Или потрошувачките кредити пораснале за 11,7 проценти, а станбените за 16,1 отсто. 

На годишно ниво има пад на автомобилските кредити и кредитите одобрени на кредитни картички.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?