06 Октомври, 2024
0.0342

Златни правила за мудро вложување

Објавено во: Мои пари 26 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Сте размислувале ли некогаш дека доколку секојдневно штедите по 70 денари (во просек по едно кафе), месечно би Ви останувале повеќе од 2000 денари? Доколку пак истите ги вложувате редовно и дисциплинирано од моментот на раѓањето на Вашето дете до осумнаесетиот роденден, акумулираната сума би била доволна за неговото школување. Сето ова звучи едноставно, интересно и примамливо, но сепак не сте сигурни како да започнете и каде би можеле да ги вложувате „непотрошените“ пари. Основен чекор при креирањето на план за вложување е поставувањето на конкретни цели. Запрашајте се какви се Вашите тековни финансиски потреби и кои се Вашите идни цели за кои ќе Ви биде потребен определен паричен износ. Дали целта Ви е да имате доволно средства за школување на децата, да купите нов автомобил, да се преселите во нов дом или пак можеби за дополнување на семејниот буџет откако ќе престанете да работите. Откако јасно ќе ја дефинирате целта на вложувањето, следно што треба да одредите е времето кое го имате на располагање за реализација на Вашиот план. Таа информација ќе Ви послужи за превземањето на следниот важен чекор – изборот на начин на вложување. Колку е периодот пократок, толку вложувањето треба да е поконзервативно и обратно. Ги поставивте целите и временската рамка, следува можеби најтешкото прашање - да одлучите кому да го доверите управувањето со Вашите заштеди. Можеби на прв поглед делува дека проблемот е решен со изборот на проверената опција – трдиционалниот орочен банкарски депозит. Но, намалените каматни стапки во последен период сигурно Ве тераат да се замислите дали со овој начин на вложување би ја задржале вредноста на парите, особено доколку се работи за период на вложување над 10 години. Главна алтернатива на банкарските депозити се инвестициските фондови. Основната разлика помеѓу овие две форми на вложување е ризикот од промена на вредноста на средствата во периодот на вложувањето. Инвеститорите во фондови кои инвестираат во акции на меѓународни компании во просек се наградени со повисок принос на годишно ниво. Но, бидете свесни дека токму поради преземениот ризик, вложувањето во акциски инвестициски фондови не служи за експериментирање со заштедите кои би можеле да Ви затребаат наскоро, туку претставува долгорочен план за оплодување на средствата. Успешноста на работењето на фондовите се согледува преку анализа на остварениот просечен принос за период од неколку години. Со изборот да вложувате во инвестициски фонд, Вие добивате добро информиран портфолио менаџер кој работи со цел тим на професионалци околу себе. Стручниот тим ќе Ви помогне да го определите Вашиот инвестициски профил на основа на кој понатаму ќе дефинирате стратегија на вложување. Без разлика дали сте конзервативен или претприемчив тип на вложувач, распределбата на вложувањата е од големо значење. Како водич можете да ги следите овие насоки: 1. Износот на готови пари за кои сметате дека би можеле да Ви затребаат во блиска иднина е соодветно да се вложат во паричен фонд. Иако терминолошки и паричниот е инвестициски фонд, средствата вложени во него ги имате на располагање во секое време, а при тоа додека не ги користите Ви се пресметува принос како да се орочени, без да се изложувате на ризик. Паричниот фонд всушност е депозит распределен во неколку банки. 2. На нив можете да додадете соодветен износ на средства кои ќе ги вложите во класичен орочен депозит, а кои на среднорочен и долгорочен план ќе ја зголемат стабилноста на Вашата заштеда. Помош може да Ви биде правилото кое вели дека во побезбедни инструменти какви што се паричниот фонд и банкарските депозити треба да вложите процент од средствата кој е еднаков на бројот на Вашите години. На пример, ако имате 35 години, вложете 35% од Вашата заштеда во банкарски депозити и парични фондови. Едноставно, но практично. 3. Во инвестициски фондови кои инвестираат во акции вложувајте средства за кои сте сигурни дека среднорочно и долгорочно нема да Ви затребаат. Кај овие вложувања препорачуваме и временска распределба. Доколку имате можност, вложувајте периодично, најдобро секој месец. Вложувањето во инвестициски фондови нема да Ве направи богати преку ноќ, ниту пак ќе Ве изложи на ризик да загубите сè што макотрпно сте заштедиле. Потребен е подолг временски период за средствата да се оплодат. Токму затоа, планот за редовно вложување, доколку се користи со дисциплиниран приод и емоциите бидат надвладеани, е алатката која е соодветна за Вашите долгорочни цели, без разлика на моменталната состојба на финансиските пазари. И запомнете го редоследот – секогаш што и за колку време пред на кој начин, а не обратно! Повеќе можете да прочитате  на страницата на КД Фондови.  

Можеби ќе ве интересира

Нов елитен станбено деловен комплекс Порта Скопје by Adora – Општина Центар

Нов елитен станбено деловен комплекс Порта Скопје by Adora – Општина Центар

Групација Триглав повторно доби висок кредитен рејтинг „А“ Во 2024 година, AM Best очекува успешно работење на Групација Триглав согласно последните години

Групација Триглав повторно доби висок кредитен рејтинг „А“ Во 2024 година, AM Best очекува успешно работење на Групација Триглав согласно последните години

Продавниците на Телеком нема да работат во текот на претстојниот викенд, на 5 и 6 октомври

Продавниците на Телеком нема да работат во текот на претстојниот викенд, на 5 и 6 октомври

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ – РЕГИОНАЛЕН ВОДЕЧКИ ЦЕНТАР ЗА ИНТЕРВЕНТНА РАДИОЛОГИЈА

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ – РЕГИОНАЛЕН ВОДЕЧКИ ЦЕНТАР ЗА ИНТЕРВЕНТНА РАДИОЛОГИЈА

Првата работилница за родители од проектот „Крени глас“ на „Макпетрол“ утре ќе се одржи во „Песталоци“

Првата работилница за родители од проектот „Крени глас“ на „Макпетрол“ утре ќе се одржи во „Песталоци“

ТАВ АЕРОДРОМИ: АВИОНСКОТО КАРГО НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ СО ПОРАСТ ОД НАД 40 ОТСТО ОД ЈАНУАРИ ДО АВГУСТ

ТАВ АЕРОДРОМИ: АВИОНСКОТО КАРГО НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ СО ПОРАСТ ОД НАД 40 ОТСТО ОД ЈАНУАРИ ДО АВГУСТ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: БЛАГОЈЧО КОЛАРСКИ Е ВЛТ МИЛИОНЕР, ОСВОИ 1.799.026 ДЕНАРИ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: БЛАГОЈЧО КОЛАРСКИ Е ВЛТ МИЛИОНЕР, ОСВОИ 1.799.026 ДЕНАРИ

Fashion Group fall/winter ‘24: Натпросечно со стил со Тино и Атанас!

Fashion Group fall/winter ‘24: Натпросечно со стил со Тино и Атанас!

„Лесја Украинка“: Егзекуцијата на 16 воени заробеници и прашањата за почитување на меѓународните норми

„Лесја Украинка“: Егзекуцијата на 16 воени заробеници и прашањата за почитување на меѓународните норми