20 Декември, 2025
0.0503

Знаци кои укажуваат на тоа дека вашиот колега е психопат

Објавено во: Мои пари 08 Ноември, 2013 13:16

Добивај вести на Viber

Како што најверојатно ви е познато, психопати има повеќе отколку што можеби мислите, а повеќето од нив тешко може да се забележат од првите неколку средби. Сепак, сите тие споделуваат некои одредени заеднички однесувања, тврди експертката Лилиан Глес, која долги низа години соработувала со ФБИ, помагајќи им во откривањето на лажговците и сигналите кои упатуваат на измама. Неодамна ја напиша книгата „Говорот на телото на лажливецот“, Бизнис инасајдер издвои дел од начините на кои ќе го препознаете психопатот колега, соработник или шеф. Секогаш во говорот користат минато време Истражувачите откриле дека психопатите многу почесто користат минато време од сегашно, што е јасен показател дека не се присутни во сегашноста, тврди Глес. Изјавите често им содржат причина и последица Со оглед на тоа дека психопатите сметаат дека се на светот, вклучувајќи ги и другите луѓе, се нешто што им припаѓа ним, истражувачите на Јуниверзити Бритиш Колумбиа откриел дека тие многу почесто од обичните луѓе ги употребуваат фразите „затоа што“, „така што“. Така ги рационализираат своите постапки со сопствената логика. Често зборуваат за своите потреби Бидејќи ретко некој друг ги преокупира, многу зборуваат за сопствените основни потреби, како што се храната, живеалиштето, облеката. А кога зборуваат за тие работи најчесто употребуваат двојно повеќе зборови отколку инаку или соговорниот го затрупуваат со голема количина информации. Не преземаат одговорност или вина Психопатите најчесто мислат дека тие се жртвите, што доаѓа од тоа дека имаат чувство дека тие имаат право на се и во се. - Психопатите за себе зборуваат со фалење и ги обвинуваат другите, непреземајќи ја одговорноста за своите дела, пишува Глес. Често се противречни Контрадикцијата може да се случи дури и во рамките на една единствена реченица. - Психопатот ќе лаже или ќе ја одбегнува информацијата кога ќе ги прашате нешто, но би можело да ви ја каже вистината ако малку го преформулирате прашањето. Истражувачите откриле дека тоа има врска со посебниот начин на кој нивниот мозок вмрежен, тврди Глес. Многу лошо им оди плачењето Кога психопатите плачат, многу често ќе ги бришат солзите под едното па под другото око, во правилни интервали. Глес пишува: -Кога луѓето искрено плачат, плачат наеднаш од двете очи. И затоа ги бришат паралелно. Говорот на телото не им е во сооднос со она што го зборуваат Глес тврди дека психопатите често зборуваат едно, додека нивниот говоро на телото укажува на спротивното. На пример, додека го изговара зборот „не“, психопатот потврдно ќе кимнува со главата или обратно.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии