18 Мај, 2024
0.0289

Знаете каде е Сулејманија? Инвеститори од таму ја „меркаат“ Македонија

Објавено во: Економија 28 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Бизнисмени од Сулејманија, град во Курдистан, област во Северен Ирак се заинтересирани за увоз на македонски земјоделски производи, но и за инвестиции во земјава. Делегација од стопанственици од оваа област учествуваа на бизнис форум во Скопје и најавија дека сакаат да воспостават интензивни бизнис врски со партнери од земјава и значително да го подигнат нивото на соработка. „Имаме многу малку информации за македонското стопанство и трговија. Затоа и дојдовме тука, да се запознаеме непосредно, да воспоставиме директни односи со вашите компании, што ќе биде мост за натамошна соработка. Потенцијалот е огромен од двете страни, мора да се искористи“, рече Јасин Рахим Фарај од Трговско-индустриската комора на Сулејманија. Освен оскудните информации за потенцијалите за земјава, причина за минималната размена до сега се и визите и немањето дипломатско-конзуларни претставништва. Фарај додава дека Курдистан е 100% безбеден и може да се искористи за влез на ирачкиот пазар. „Сакаме повторно да ја изградиме нашата економија, да постигнеме напредок во индустријата и земјоделството. Но, заинтересирани сме и за вложувања во Македонија“, додава тој. Курдистан реализира 17 отсто од вкупниот приход на Ирак. Брои 6,6 милиони жители, има широка автономија и е бесцаринско подрачје, богато со нафта и минерални суровини. Оваа област отвора можности за македонските компании од областа на градежништвото, туризмот, земјоделството, металниот сектор, како и фармацијата, велат од Стопанската комора на Македонија.

Размената меѓу Македонија и Ирак минатата година беше само 3,4 милиони долари што е дури 15 отсто помалку во однос на 2012-та. Максималната вредност од вкупно 7,5 милиони долари се постигна во 2011 година. Во структурата на македонскиот извоз таму доминира извозот на свежо јабоолко, а лани првпат се извезоа лекови и метални конструкции.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра