Знаете ли каде се наоѓа најзагадената улица на светот?
Објавено во: Стил 19 Јули, 2014 21:11
Во една европска престолнина се наоѓа улицата со најголемо ниво на токсини во светот...
Лондонската шопинг зона има највисоко ниво на токсичен азот-диоксид!
Како што пренесува Indenpendent, мониторите кои ги поставиле научниците во улицата Оксфорд, покажале дека количината на загадување достигнала врв на околу 463 микрограма по кубен метар, додека просечната количина загадувачка материја од почетокот на годината била околу 135 - три пати од онаа што ја дозволува ЕУ. Научникот Девјид Карсло рекол дека концентарцијата на азот-диоксид во таа улица е најголема на светот.
Автобусите и такси возилата се најголеми виновници за ваквата состојба!
Поради ваквата состојба трговците го повикуваат градоначалникот на Лондон Борис Џонсон да ја растерети улицата од многубројните автобуси и сообраќајни гужви. Градската куќа соопштила дека веќе е намален бројот на автобуси во познатата Оксфорд улица и тоа за петтина.
Оксфорд улицата е една од најпрометните во Европа. Иако загадена, претставува рај за љубителите на шопингот од цел свет.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





