05 Мај, 2024
0.0434

Знаете ли која била омилената храна на светските диктатори?

Објавено во: Стил 05 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Под теза дека е тенка границата меѓу човекот и чудовиштето, Викторија Кларк и Мелиса Скот, авторки на книгата „Вечера на диктаторот“, ги сведуваат најпознатите светски диктатори по западни стандарди на ниво на обични луѓе и се позанимавале со нивните прехранбени навики. Така севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ил наредил секое зрно ориз кое ќе му биде послужено да се избира рачно, а развил и цел институт чија цел била да му се продолжи животот на лидерот преку храната. Романскиот диктатор Николае Чаушеску ги нервирал своите колеги од другите земји, затоа што на сите состаноци си носел храна со себе. Тито бил шокиран од сознанието дека Чаушеску одбива да јаде цврста храна и дека во себе внесува само сокови од сиров зеленчук и тоа со цевче. Повеќето диктатори потекнувале од скромни семејства, најчесто од село, па такви им биле и навиките во исхраната. Така Тито особено уживал во топли чварки, а Чаушеску, пред да помине на течна диета, дома најмногу сакал да јаде гулаш од цело пиле, вклучувајќи го и клунот и нозете. Португалскиот диктатор Антонио Салазар сакал да јаде сардини кои го потсетувале на детството поминато во сиромаштија, кога храната ја делел со братот. Органите за варење на Адолф Хитлер, Мао Це Тунг, Моамер Гадафи и Бенито Мусолини страдале од стресот на функцијата што ја извршувале. Така, Хитлер страдал од хронична надуеност кога придонела подоцна тој целосно да премине на вегетаријанство. Освен тоа, тој се нашол и кај еден квази лекар кој за пречките во варење му препишал 28 различни лекови, од кои еден наводно бил направен од екстракт на фекалиите на бугарски селани. Вечерите на Сталин траеле со часови и биле богати со грузиски специјалитети, а Никита Хрушчов пиел премногу алкохол. Африканските диктатори Жан Бедел Бокаса, Иди Амин и Франциско Нгуема ги поврзувале дури со канибализам.