20 Декември, 2025
0.0849

Уапсен е новинарот Зоран Божиновски – останува во притвор во Нови Сад

Објавено во: Мои пари 08 Ноември, 2013 19:20

Добивај вести на Viber

Новинарот Зоран Божиновски кој синоќа беш уапсен во Нови Сад од српската полиција денеска доби екстрадиционен притвор во траење од 40 дена. Како што појаснија од МВР,  оттаму се обратиле до Министерството за правда и судовите за да се почне постапка за екстрадиција на Божиновски, на што е поднесена жалба. Од МВР немаат сознанија дали новинарот има српски пасош, а екстрадицијата сега зависи од српските институции. „Министерството за внатрешни работи на Македонија преку одделот за меѓународна полициска соработка односно преку Интерпол Скопје,утринава и формално беше известено дека едно од лицата кое се бараше со меѓународна потерница во случајот „Шпион“, било приведено синоќа на подрачјето на Нови Сад и во текот на утринските часови бил изведен пред истражен судија. Изречена е мерка екстрадиционен притвор во трање од 40 дена“, потврди портпаролот на МВР, Иво Котевски. Како што утрово пренесоа српските медиуми, Божиновски престојувал во два изнајмени стана во Нови Сад, а бил уапсен во еден од нив, во местото Лиман. За време на претресот, се пронајдени и одземени компјутерска опрема со податоци и новинарска документација. Новинарот и сопственик на порталот „Буревесник“, се сомничи за злосторничко здружување, шпионажа и уцена во случајот Шпион. Покрај него во истата акција беа уапсени актуелни и поранешни разузнавачи, контраразузнавачи, воени разузнавачи, поранешен директор на финасиско разузнавање, еден вработен во Државен архив и шефот на кабинетот на претседателот на Собранието. Според МВР сите оддавале државни тајни и со тоа го довеле во опасност безбедносниот систем на Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии