08 Јули, 2024
0.0295

Зоран Ставрески: во 2014 ќе се интензивира економскиот раст!

Објавено во: Економија 06 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Министерот за финансии Зоран Ставрески во интервју за МИА говори за перспективите на македонската економија во годината пред нас, при што е забелжелива доза на посилен оптимизам. Тоа пред се се должи на фактот што и европските економии прикажуваат подобри резултати, но и на мерките и политиките кои, како што вели Ставрески ги презема македонската Влада. Еве дел од интервјуто.

Општо – какви се економските перспективи за оваа година?

Годинава се очекува да продолжи зајакнувањето на европската економија и на ЕУ, која е најзначаен трговски партнер на Македонија. Во услови на постепено враќање на довербата и оптимизмот на потрошувачите и инвеститорите, се очекува ЕУ да оствари посилен економски раст, проектиран на ниво од 1,4 проценти. Согласно овие очекувања, како и фискалната политика на Владата во функција на поддршка на економијата преку зголемување на капиталните расходи и развој на економската инфраструктура, структурните реформи  и реализацијата на предвидените странски инвестиции, прогнозите се дека ќе се интензивира економскиот раст на земјава. За годинава тој е проектиран на ниво од 3,2%.

Буџетот за 2014 година ќе овозможи подинамичен економски раст преку реализација на капитални инвестиции кои се за 11 проценти повисоки во однос на минатата година. Капиталните и инфраструктурните проекти кои ќе се реализираат преку буџетот уште повеќе ќе ја придвижат економската активност. Изградбата на патиштата ќе го поттикне градежништвото. По закрепнувањето на индустријата во 2013 година, за годинава се предвидува умерено интензивирање на индустриското производство, кое е проектирано да забележи раст од 3,8%, главно како резултат на очекуваната динамика за раст на странската побарувачка.

За подобрување на состојбата кај компаниите ќе помогне и новата транша од Европската инвестициска банка во висина од 100 милиони евра кои треба да им бидат достапни на компаниите од јануари.

Минатата година беше донесен закон за финансиска дисциплина кој исто така ќе придонесе за подобрување на ликвидноста на компаниите. Сето ова ќе помогне во 2014 година да се интензивира растот и да се подобри состојбата на компаниите, а со тоа и на граѓаните на РМ.

Во што ќе инвестира Владата во 2014?

Можеби фразата „2014 ќе биде година на крупни инфраструктурни проекти“ е премногу употребувана, но таа најдобро ги опишува плановите за инвестиции на Владата во претстојнава година. Годинава треба да започнат да се градат два автопати од Скопје до Штип и од Кичево до Охрид, односно за околу два месеци. Се потпиша и договорот за градба на железницата кон Бугарија, каде активностите за градба треба да започнат во наредните два-три месеци, а ќе се ремонтира и пругата на Коридорот 10. Во 2014 започнува и градбата на ХЕ Бошков Мост и Луково поле и на примарната гасоводна мрежа, додека месецов ќе се отвори и јавен повик за концесија на секундарната гасификација. Исто така, ќе се започне со реализација на два големи проекти во здравството – изградбата на Клиничкиот центар во Скопје и изградбата на Клиничката болница во Штип.

Вкупните инвестиции во капитални проекти годинава ќе изнесуваат над половина милијарда евра или поточно 525 милиони евра, ако се земат предвид и инвестициите од буџетот на ЈП за државни патишта. Овие проекти ќе значат работа за македонските компании, но и отварање на нови работни места за македонските граѓани.

преземено од Интервјуто на Ставрески за МИА

Можеби ќе ве интересира

ИНДИЈА САКА ДА ОБЕЗБЕДИ УРАНИУМ ОД РУСИЈА: Дали е на повидок договор?

ИНДИЈА САКА ДА ОБЕЗБЕДИ УРАНИУМ ОД РУСИЈА: Дали е на повидок договор?

СЕ НАМАЛИ ВРЕДНОСТА НА ЕВРОТО: Изборите во Франција „удрија“ по валутата

СЕ НАМАЛИ ВРЕДНОСТА НА ЕВРОТО: Изборите во Франција „удрија“ по валутата

ВО ПЕТОК: Поделба на обичните акции на Реплек, на еден ден ќе се стопира и тргувањето на берзата

ВО ПЕТОК: Поделба на обичните акции на Реплек, на еден ден ќе се стопира и тргувањето на берзата

НАЈМНОГУ ПОСКАПЕЛЕ КУЌИТЕ ВО ПОЛСКА: Каде најмногу поевтиниле?

НАЈМНОГУ ПОСКАПЕЛЕ КУЌИТЕ ВО ПОЛСКА: Каде најмногу поевтиниле?

ВОЗАЧИ, ПОСКАПУВААТ БЕНЗИНИТЕ: Еве ги новите цени

ВОЗАЧИ, ПОСКАПУВААТ БЕНЗИНИТЕ: Еве ги новите цени

ПО НЕОЧЕКУВАНАТА ПОБЕДА НА ЛЕВИЦАТА НА ИЗБОРИТЕ: Пад на француските берзански индекси

ПО НЕОЧЕКУВАНАТА ПОБЕДА НА ЛЕВИЦАТА НА ИЗБОРИТЕ: Пад на француските берзански индекси

ИНФЛАЦИЈАТА НАДМИНУВА ТРИ ПРОЦЕНТИ - растат цените во повеќе категории, еве каде најмногу

ИНФЛАЦИЈАТА НАДМИНУВА ТРИ ПРОЦЕНТИ - растат цените во повеќе категории, еве каде најмногу

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ИМ НУДАТ НА РАБОТНИЦИТЕ ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Приближно 11 отсто од нив се одлучиле на ваков чекор

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ИМ НУДАТ НА РАБОТНИЦИТЕ ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Приближно 11 отсто од нив се одлучиле на ваков чекор

ФРАНЦИЈА СТАРТУВА СО ИСКОПУВАЊЕ ЛИТИУМ: ќе се отвори рудник, итно усвоен проект од „национално значење“

ФРАНЦИЈА СТАРТУВА СО ИСКОПУВАЊЕ ЛИТИУМ: ќе се отвори рудник, итно усвоен проект од „национално значење“