06 Декември, 2025
0.0293

Зошто е изграден кинескиот ѕид: Една од најстарите градби има многу интересна историја

Објавено во: Стил 27 Ноември, 2014 18:30

Добивај вести на Viber

Моќниот цар Си ХуангТи околу 221 година пред нашата ера обединил разни делови од Кина. Меѓутоа, сметал дека на него и неговото царство им се заканува опасност од север. Таму, во пустината, живееле варварски племиња. Од таа причина царот наредил да се изгради ѕид кој сите ќе ги штити.

Иако подигањето на овој ѕид бил голем проект, е завршен за само 15 години. Секако, подоцна во текот на годините се менувал, доградувал, делумно рушел, но и покрај тоа уште постои.

За жал, ѕидот не служел како треба, номаските племиња константно влегувале низ оштетените делови. Сепак, ѕидот имал и друга улога, бил граница помеѓу две култури, како и номадски и земјоделски начин на живот.

За да се покаже колку тешко било да се изгради ваква градба, се создала и легенда за неа. Имено, кога маж, кој работел на изградбата на ѕидот, не си дошол дома една вечер, неговата сопруга отишла да го побара. Кога конечно стигнала, дознала дека починал од исцрпеност и дека остатоците од неговото тело ги изѕидале. Нејзините солзи „го стопиле“ делот од ѕидот и таа сепак можела да ги земе неговите остатоци.

Кинескиот ѕид е најдолг ѕид на светот. Долг е преку 3000 километри, а висок помеѓу 5 и 10 метри, изграден од камен, тули и земја.

 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: