19 Мај, 2024
0.0268

ЗОШТО Е ВАЖНА ФУНКЦИЈАТА ГУВЕРНЕР: Се одбројува до изборот!

Објавено во: Економија 13 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Освен како добро платена, гувернерската “фотеља“ е и престижна , но и авторитативна и во одредени ситуации, гувернерскиот збор може да биде пресуден за економијата. Гувренерот дава но и одзема дозволи за работа на банки, со тимот вицегувернери ги следи макроекономските показатели, дава прогнози и проекции, ја контролира работата на вкупниот банкарски сектор, и што е најважно ги дава координатите на курсот на домашната валута, со основна цел – одржување на ценовна стабилност.  

“Големиот брат“ во банкарскиот бизнис ...

Ингеренциите на гувернерот се строго дефинирани, меѓудругото, и  во Законот за Народна банка и во Законот за банки, па така со оваа значајна институција, на чие чело е гувернерот раководи и Советот на НБРМ, кој има широки надлежности, па така тој пропишува:  

“Методологија за управување со кредитниот ризик и утврдување на критериуми за класификација на активните билансни и вонбилансни ставки според степенот на ризичност, Методологија за управување со валутниот ризик и други пазарни ризици, Методологија за управување со ликвидносниот ризик, Методологија за сигурноста на информативниот систем на банката“.

За банкарскиот сектор, одлуките на гувернерот се пресудни, од нив зависи текот и курсот на кредитната политика, на висината на каматите за кредитите и депозитите, стерилизација на вишокот пари со целосна контрола врз менувачкиот пазар.

Така, секоја банка е должна да ја информира НБРМ за заголемување на почетниот капитал, за промена на сопственичката структура, за изложеност на банката, основање или укинување на филијали во земјава.  Гувернерот одлучува и за отворање филијала на странска банка или банка, па така во Член 47 и Член 50 од Законот за банки пишува:

“Странска банка може да отвори филијала во Република Македонија по претходно добиена дозвола од гувернерот за отворање и работа на филијала... Гувернерот ја укинува дозволата за отворање и работење на филијала на странска банка...“

Согласно законот, гувернерот е тој што одлучува за укинување на решение за работа на некоја банка, пришто е должен во рок од од пет дена од донесувањето на решението за издавање, односно укинување на дозволата да го извести и Министерството за финансии.

Зборот на гувернерот е одлучувачки и за стечај на некоја банка.

“Предлог за отворање на стечајна постапка на банка до надлежен суд може да поднесе само гувернерот, во согласност со овој закон. Предлог за отворање на стечајна постапка на банка до надлежниот суд се поднесува првиот работен ден од денот на донесувањето на решението за исполнување на условите за отворање на стечајна постапка во банка. Кон предлогот за отворање на стечајна постапка на банка до надлежниот суд задолжително се приложува и решението на гувернерот за исполнување на условите за отворање на стечајна постапка во банка“.

Моќна институција која треба да биде независна ..

Според Законот за банки, Народната банка е институција која е независна.

“Народната банка е независна при постигнувањето на целите и задачите и е одговорна под услови и на начин утврден со овој закон. Народната банка, членовите на Советот на Народната банка и вработените во Народната банка не смеат да примаат и да бараат инструкции од органите на државната власт, органите на општините, органите на градот Скопје и од кои било други правни и/или физички лица“ – се наведува во Законот за НБРМ.

Клучна цел на НБРМ , според законските решенија е одржување на ценовна стабилност, па така во законскиот текст се вели:  

“Основна цел на Народната банка е постигнување и одржување на ценовната стабилност. Друга цел на Народната банка, која е подредена на основната цел, е да придонесува кон одржување на стабилен, конкурентен и пазарно ориентиран финансиски систем“.

Комуникацијата на релација извршна власт и монетарна власт е значајна, па така во Законот за НБРМ се наведува :

“НБРМ врши работи на фискален агент на Владата на Република Македонија“.

Независноста што треба да ја покаже НБРМ и нејзиното раководство е дефинирана и во уште еден член од законот:

“Одлуките на Народната банка се непристрасни и се базираат на објективни претпоставки и разумна основа и се извршуваат на праведен ,недискриминаторски и одмерен начин“.

Според законската регулатива, гувернерот на НБРМ има мандат од седум години, го предлага претседателот на државата а се гласа во парламентот. На 20 ти мај истекува мандатот на актуелниот гувернер Димитар Богов, изборот на нов веќе се проблематизираше поради тоа што парламентраното мнозинство прати порака дека нема да го поддржи предлогот на Иванов за реизбор на Богов за уште еден седумгодишен мандат.

Д.А.

Можеби ќе ве интересира

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници