Од граничниот премин „Богородица“ ја потврдиле одлуката на нивните колеги од спротивната страна, и само кажале дека ваквата одлука ќе се применува најмалку до 15 јули.
Друго образложение од грчка страна до овој момент нема, освен што на патниците и туристите кои од денеска може да патуваат за Грција им се препорачува за влез во Грција да ги користат граничните премини преку Бугарија.
За транзитниот товарен сообраќај нема пречки.
Српските туристи веќе и на фејсбк се жалат дека од пред неколку минути Евзони е повторно затворен за туристи и дека српските граѓани во Грција можат да влезат само преку Бугарија.
Според дел од српските медиуми, Евзони би можел да биде затворен дури до 15 јули. Тие нагласуваат дека и покрај тоа што на српските граѓани им се дозволува влез во ЕУ, останува на земјите членки како таа препорака ќе ја толкуваат.
Според најновите информации, пак, околу 10 до 15 автомобили од Македонија и Босна и Херцерговива, утрово биле вратени од граничниот премин Промахонас на грчко-бугарската граница, откако сакале преку Бугарија да влезат во Грција, објавија грчките телевизии Скај и Мега.
Овој граничен премин беше отворен за влез на туристи во Грција, но само од земји членки на ЕУ, или тие што унијат ги објави на нејзината „бела листа“. За Македонците има забрана за влез во таа држава до 15 јули годинава, без оглед преку кој граничен премин би сакале да влезат во Грција.